„Буткам некако“, рече Сизиф

24.04.2025 15:22
„Буткам некако“, рече Сизиф

 

Минаа времињата кога шумите шумеа, сега горите горат.

 

Го подигнавме високо белото знаме, да види народот дека не е сè така црно.

 

Нашате цел е да не бидеме мета.

 

Непријателот ги поткопува нашите кули во воздух.

 

Незадоволството се храни со глад.

 

Народот е тажен ама државата ни е смешна.

 

Правда нема, но може да се купи под рака.

 

Во морето од лаги, вистината исплива на површина. Удавена.

 

Изборите се шанса да ги смениме политичарите што лажат и крадат, со политичари што крадат и лажат.

 

Имунитетот не ги заштитува сите пратеници. Некои се нездрави од порано.

 

Нема веќе отворени прашања. Ги затворивме тие што ги отворија.

 

Полицијата не ги тепа граѓаните повеќе. Ги тепа колку што треба.

 

Во пирамидата на власта се гледа низ призмата на парите.

 

Постои кривично право. Правично право не постои.

 

Предлогот е прифатен едногласно. Со гласот на водачот.

 

Сите имаме некакви комплекси. И водачот има еден: станбено-деловен комплекс.

 

Власта вети дека еден ден ќе бидеме богати и среќни. Опозицијата веднаш вети два дена.

 

Бев победен бидејќи бев победен. Противникот имаше пари да ги купи судиите.

 

„Буткам некако“, рече Сизиф.

 

Да се биде ангел е ѓаволски тешко.

 

Се откажав од себе. Без секој се може.

 

Се плашам и од сопствената сенка. Постојано ме следи.

 

На пропатување сме низ животот. Веднаш се враќаме.

 

Не врзувајте се претерано за животот. Ќе ве напушти еден ден.

Карикатури: MORO

ОкоБоли главаВицФото