1019 hPa
86 %
-4 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 06:59

Гледам денес и друга фамилија која е жртва на системот - се заблагодарува на власта.
И тоа некако можам да го разберам, луѓе со голема моќ зборуваат дека се на нивна страна (како беше она, знаеш кај живееме, се знае кој може да „ти заврши работа”). И ајде, власта е нова (ако може да се нарече нова), иако несомнено е одговорна за состојбата во која се наоѓаме.
Тоа што не можам никако да го разберам е потребата да се напаѓаат граѓанските движења, од страна на семејствата на жртвите, но и од многу други луѓе. Граѓанските иницијативи се трудат да создаваат притисок за да се дојде до одговорност и уреден систем - значи, заедничка цел. Најчестите обвинувања кон нив се КАДЕ БЕВТЕ КОГА? и КОРИСТИТЕ несреќи за некој да ПРОФИТИРА?!
Од граѓанска иницијатива не може да се очекува да решава проблеми, не можат 30 млади ентузијасти да бидат дежурни за „на кој што му треба”, па да се направи протестче. Зошто барате толкава одговорност од неформална иницијатива? Мислите дека тие можат да соберат многу луѓе на протест?

„Кој е следен?“ постои како еден вид логистика и платформа за изразување на автентичниот граѓански гнев и револт. Секој е одговорен да биде гласен. Ако протестите пропаднат, тоа нема да биде фејл за „Кој е следен?“ туку ризик ваквиот неодговорен начин на терање политика да си продолжи.
Станува збор за спонтано создадена граѓанска иницијатива која пред сè има за цел да им порача на ОДГОВОРНИТЕ: застанете, имаме проблем, сменете ги приоритетите и почнете да работите како што сите сме се договориле со општествен договор - уставот и законите. ОДГОВОРНОСТ мора да има! За да нема СЛЕДЕН.
А за ПРОФИТИРАЊЕТО, јас кога би обвинувал за такво нешто, би сакал да имам докази. Бидејќи докази не видовме, не ни останува друго освен да мислиме дека соопштенијата се пишуваат по штабови.
Се гледаме на протести.
.jpg)
Карикатури: Bernard Kliban (1935-1990)