1018 hPa
30 %

26 °C
Скопје - Саб, 14.06.2025 19:59
29 април 2025 е Меѓународен на танцот.
Оваа година автор на светската порака по повод денот на танцот е Михаил Баришњиков (кореограф и балетан, САД, Русија, Латвија).
„Често се вели дека танцот може да го изрази неизговорливото. Радоста, тагата и очајот стануваат видливи; отелотворени изрази на нашата заедничка кршливост. Во ова, танцот може да разбуди емпатија, да инспирира љубезност и да предизвика желба за лекување, а не повреда.
Особено сега, кога стотици илјади трпат војна, се справуваат со политички пресврт и протестираат против неправдата, искреното размислување е од витално значење. Тоа е тежок товар да се стави на телото, на танцот, на уметноста. Сепак, уметноста е сè уште најдобриот начин да се даде форма на неизговореното, и можеме да почнеме со прашањето: Каде е мојата вистина? Како да се почитувам себеси и мојата заедница? На кого да му одговарам?“
Авторка на домашната порака е Адријана Данчевска Ровчанин (кореограф, танчерка, едукатор).
„Денес, на денот на танцот, зборуваме за моќта на оваа уметност. Зборуваме за танцот кој е многу повеќе од физички акт – танцот е емоционален, социјален и интелектуален процес кој е длабоко вкоренет во нашето човечко постоење.
Танцувам додека создавам живот кој има смисла. А нам тука ни е потребен простор за танц и оддржлива структура.
Танцот е активизам. Танцот е страст - моќен канал за трансформација, катарза и ослободување. Танцот ни дава можност да се соочиме со себе, да ја откриеме и истражиме нашата лична приказна, за потоа да ја споделиме таа посебна пасија и посветеност со другите. Танцот ни подарува бескомпромисно чувство на слобода. А што е подобро од слобода? Танцот има моќ да ги обликува сложените животни идеи, да инспирира промена, да поттикнува колективни тела.
Танцот за мене е враќање дома.
Длабок и траен дијалог.
Хаотичен. Неуреден. Мој. Танц.“