1018 hPa
30 %

26 °C
Скопје - Саб, 14.06.2025 19:59
Чест ни е да ве поканиме на годинешната Ретроспектива во најава за Главната програма на 15. Филозофски филмски фестивал (22-28 мај), која ќе биде посветена на италијанскиот режисер Пјер Паоло Пазолини (1922-1975).
Малиот јубилеј на Фестивалот, неговото петнаесетто издание, го започнуваме со одбележување на 50-годишнината од смртта на големиот италијански и европски режисер, Пазолини. Ретроспективата во негова чест се реализира во соработка со Италијанската амбасада во Скопје.
Ретроспективата предвидува проекции на пет филмови од опусот на Пазолини. Најпрвин документарниот филм „Љубовни заседанија“, којшто е дел од сегментот ФФФ Doc. и соработката со Музејот за современатa уметност Скопје. Пред проекцијата на филмот ќе се обрати проф. Соња Мизерендино, Аташе за култура на Италијанската амбасада во Скопје, додека кусо воведно излагање за разностраното творештво на Пазолини и неговата застапеност во Македонија ќе одржи проф. д-р Анастасија Ѓурчинова.
Во наредниот период (од 7-9 мај) ќе се одржат и три проекции во Кинотеката на С. Македонија, односно филмовите: „Теорема“, „Цар Едип“ и „Декамерон“. Конечно, Ретроспективата Пазолини ќе се затвори со незаборавниот интелектуален евергрин „Евангелие според Матеј“, филм со којшто вусшност ќе биде отворена Главната програма на Фестивалот (22 мај).
5 мај
ФФФ@МСУ | 20:00 ч.
Љубовни заседанија [Comizi D’amore / Love Meetings, 1964]
Италија, 93 мин.
7 мај
Кинотека | 20:00 ч.
Теорема [Teorema / Theorem, 1968] Италија, 98 мин.
8 мај
Кинотека | 20:00 ч.
Цар Едип [Edipo Re / Oedipus Rex, 1967] Италија / Мароко, 104 мин.
9 мај
Кинотека | 20:00 ч.
Декамерон [Il Decameron / The Decameron, 1971] Италија / Франција, 112 мин.
22 мај | Официјално отворање на Фестивалот
Кинотека | 20:00 ч.
Евангелие според Матеј [Il vangelo secondo Matteo / The Gospel According to St. Matthew, 1964] Италија / Франција, 137 мин.
Честити првомајски празници, ве очекуваме