1016 hPa
62 %

10 °C
Скопје - Сре, 14.05.2025 22:59
Минатото лето, 2024, Темплум одбележа две значајни годишнини: 30 години од списанието Маргина и 15 години од порталот Окно.
И годинава имаме значајни јубилеи: 10 години од книжевниот фестивал Друга приказна и 20 години од наградата Новите!, за најдобар дебитантски прозен ракопис.
Двата важни јубилеи ќе ги одбележиме во рамките на десеттото тридневно издание на фестивалот Друга приказна, од 10 до 12 октомври.
БУНТ е главната тема на фестивалот и затоа, меѓу другото, го избравме 11 октомври, денот на започнувањето на антифашистичкиот отпор во Македонија, за датум на фестивалот.
Добитничка на главната награда годинава е Светлана Слапшак.
Досегашни добитници беа Давид Албахари, Влада Урошевиќ, Оља Савичевиќ Иванчевивиќ, Ненад Величковиќ, Јана Бауер, Георги Господинов, Дубравка Угрешиќ, Синиша Туциќ и Семездин Мехмединовиќ.
Наградата Новите! за најдобар дебитантски прозен ракопис годинава ја поврзаваме со фестивалот Друга приказна поради заедничките јубилеи: 20 години Новите!, 10 години Друга приказна. Во заеднички термин двата настана ќе добијат, се надеваме, поголема видливост и интензитет.
Новите! веќе дваесет години ги помага Комерцијална банка од Скопје - редок овдешен пример за континуитет и грижа.
Соработката со фестивалот за критичко мислење КРИК (кој годинава исто така обележува 10 години постоење) ќе биде уште една нова димензија на овогодинашната Друга приказна.
Во пресрет на Саемот на книгата кој почнува неделава, го објавуваме и новиот Темплум каталог со изданијата од последниве неколку години.
Цртежи: Морис Сендак