1018 hPa
26 %
32 °C
Скопје - Пет, 04.09.2026 15:00
Не гледаш ли, вратите се заклучени
дури и капаците на бродовите се затворени.
За нас светот одамна е копнеж...
Ние баравме, но денес сме уморени
и тука застанавме прикриени и измачени.
Не гледаш ли, нѐ притискаат машините
со градите студени и челични,
нѐ опиваат со маслото и пареите.
И си мислам како многу од другарите
дојдоа тука со надежи опијанети...
А колку рано ги знаевме измамите...
Вплетени во долги црни кабли,
Ние гледаме: покрај нас одат годините
Со свој виеж нѐ исмејуваат динамата
божем се тајна скрита нашите претпоставки
дека не ние, туку нас нѐ движат машините.
Препев од бугарски: Илија Велев