Додека загадувањето го задушува народот, тие донесуваат закони со кои податоците за индустриските загадувачи ги прогласуваат за деловна и државна тајна. Наместо транспарентност и правда, добивме криење и лаги. Наместо да ни обезбедат здравје, ни обезбедија труење и смрт.
Оваа власт истренира 300 илјади луѓе да гласаат со исклучен разум, хранети со лажни ветувања и водени од лична корист, купена со наши пари. Сосема доволно за да им ја решат судбината на останатите 1,5 милиони луѓе, од кои половината решија да не гласаат на избори. Така опстанува овој штеточински режим, не со вистината, туку преку релативно мала група што верува во лагите што им се сервираат.
Со помош на платена пропаганда и послушни медиуми, државата ја претворија во споменик на лагата, а од вистината се плашат повеќе отколку од каква било катастрофа. Зашто само вистината не можат да ја купат.