Никогаш не сум размислувал за тоа

14.05.2025 12:03

Никогаш не сум размислувал за тоа
па никогаш нема и што да изустам.
Ќе таам во себеси за сѐ што се случи,
Гледајќи и натаму како згустува ноќта
и како чемреам да почне да расте
денот. Време е само да се прашам
зошто на својот живот
му подарив само нешто свое
а на смртта сѐ.

Од денес натаму, о, Кавафис,
престануваат да значат што и да е
лажните сознанија за некаква си
света должност кон татковината
а без себеси, зашто вистина е
дека на животот му подаривме
само нешто свое
а на смртта – сѐ!

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото