1017 hPa
27 %

28 °C
Скопје - Саб, 14.06.2025 18:59
Само треба да им веруваме и сите желби ќе им се исполнат.
Времето е пари, посебно времето поминато во власта.
Се збогати преку ноќ. Преку ден ќе го фатеа.
Вистината е заразна. За среќа пратениците имаат имунитет.
Законот беше изгласан со просто мнозинство. Многу просто.
Што сè не направи власта за народот? Сè!
Власта има алатки, механизми и инструменти. Само компасот го изгуби.
Патиштата божји за нас се непознати. Патиштата по кои водачот нè води се непознати и за него.
Нема асални премиери. Мислам на театарот, не на власта.
Со еден грам мозок, водачот нахрани илјадници. Така докажа дека е Бог.
Власта веќе нема да ги прави старите глупости, ќе прави нови.
Единици на локалната самоуправа, но и централната власт не заслужува повисока оценка.
Власта постигна невидени успеси. Засега само таа може да ги види.
Без партиски дрес нема да се помрднете од резервната клупа.
Во затвор ќе одат тие што се обиделе да ги корумпираат судиите. Тие што успеале, остануваат на слобода.
Не ги разбирам луѓето. Се навредуваат ако им кажете дека се коњи, а не се навредуваат кога им кажете дека се добро потковани.
Кога политичарите не знаат каде е излезот, треба да им ја покажеме вратата.
Политичарите ветија дека, ако треба, и животот ќе го дадат за нас. Треба!
Откога неделата стана неработен ден, неделата се намалија.
Имаме право на збор и право на говор. Затоа озборуваме и оговараме.
Кучињата на војната го изедоа гулабот на мирот.
Демократијата се роди во Америка. Таму и ќе умре.
Кама Сутра е само лажен идентитет на Фата Моргана.
Таа имаше дух што не можевме да го видиме и тело што не можевме да не го видиме.
Карикатури: Achmad Cholid