Отворен повик за млади за работилница во склоп на „Drim Short Film Festival“

16.05.2025 13:33
Отворен повик за млади за работилница во склоп на „Drim Short Film Festival“

Организаторите на фестивалот „Drim Short Film Festival“ кој ќе се одржи од 7 до 10 август, во соработка со „Pro Peace North Macedonia“ отвораат повик за млади за работилница „Сочување со минатото“ која ќе се спроведе во рамки на фестивалот.

„Овој повик е до младите луѓе што сакаат филм, критичка мисла и раскажување автентични приказни“, велат од „Drim Short Film Festival“.

На работилницата, преку пост-Југословенски филмски дела ќе се зборува за војна, национализам, транзиција и сè што нè обликувало како општества.

Можат да се пријават млади студенти или активисти од Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Србија кои доаѓаат од уметнички или филмски контекст, или едноставно имаат критички став и љубов кон визуелниот израз.

Учесниците ќе имаат можност да гледаат и дискутираат филмови, да обработуваат општествени теми, да создадат кратки видео-осврти кои ќе бидат објавени онлајн и да запознаат млади од регионот и ќе споделат перспективи.

Крајниот рок за аплицирање е 12 јуни, а организаторите на фестивалот ќе ги објават резултатите на 1 јули.

Заинтересираните може да се пријават преку следниот линк.

ОкоБоли главаВицФото