Токму така, или...

16.05.2025 14:53

Токму така велат, настанал животот,
Токму така.
Немало ништо. Или имало хаос.
Збувнал сеопштиот котел
и од вриежот се излачиле
четирите основи:
оган, вода, земја, воздух.
Или претходел барутен раскин
на светлина од темнина,
на ред од неред.
Од нив настанал светот,
или од шест дребни тули
и од шест чудни плочки
помали од точка,
а од светот животот.
Или од дребно јајце.
Или од капка млеко.
Или го создал Бог.
Или движењето.
Или постара од сѐ е волјата,
хидра со безброј глави,
слепа и нема,
која раѓа без престан,
и без престан голта
од сѐ што се родило
или изродило.

Песно моја,
чија си ти,
од што си ти?

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото