Бладање, буричкање, бербатење

17.03.2011 11:13
Бладање, буричкање, бербатење

Нема сомнеж дека претстојните избори ќе бидат највалканите досега. Груевски и груевци ќе ги употребат сите средства што им се на располагање за да го избегнат заслужениот пораз.

Ќе го испразнат буџетот и ќе ја дозадолжат Македонија преку мера. Ќе поткупат сè што може да се поткупи, ќе заплашат сè што може да се заплаши, ќе залажат сè што може да се залаже, ќе уценат сè што може да се уцени. Скапо ќе го платиме поразот на Груевски и груевци, но многу поскапо ќе ја плаќаме нивната победа. Со нивната победа ќе умре надежта. Со нивниот пораз, таа ќе воскресне. Ќе ни се врати на бранот на растечкото незадоволство, бранот кој добива на сила со секоја нова неправда, лага, грабеж и поскапување, со изливите на бездушност и нахалност кои се множат. Но се множат и изблиците на гневот на излажаните граѓани. Јамката на сиромаштијата стегнала толку што лажливите ветувања веќе не помагаат. Груевци чувствуваат дека сонцето во нивната мала империја заоѓа. Ги фаќа страв и несоница. И бладаат, буричкаат и бербатат.

Знам дека треба многу напор и нерви да се чита билтенчето „Вечер“, но токму таму може да се види клиничката слика на пациентот кој сè уште владее со нас. „Црвенковски си оди“, бомбастично најавува на насловната страница саботниот „Вечер“. А внатре, во статијата „Бранко си оди“, непотпишаниот автор тврди дека на вонредниот конгрес на СДСМ се планира „да се објави и влада во сенка, за чиј премиер е планирана Радмила Шеќеринска“. Дали тоа анонимниот автор признава дека Бранко не нè излажа кога изјави дека нема премиерски амбиции и дека вражбата „Грујо да си оди, Бранко да не се врати“ ја промашила целта, барем што се однесува за Бранко? Не, не признава анонимусот, туку потфрла интрига за наводно лошите односи меѓу Бранко и Радмила. Но Бранко сакал да им се додвори на дипломатите, тврди анонимусот, а потоа ја подгрева старата манџа дека Бранко всушност сакал да ја спречи Радмила со Н. Поповски и Ѓ. Спасов да формира политичко движење ДЕМОС и на изборите да ги собере гласовите на СДСМ! Подгреаната манџа се претвора во пропагандна попара кога почнува бладањето дека „дипломатите деновиве побарале Црвенковски да поднесе оставка“, па следи лагата дека тој се соочува со смена и со исфрлање од партијата, па следи сплетката со Заев, Јакимовски и Георгиев како „претенденти“ кои требало да го заменат. „Шта се баби хтило, то се баби снило“, би рекле Србите за оваа минхаузеновска небулоза во која не верува ни авторот, кој една претходна сабота на насловната во „Вечер“ веќе го прогласи Заев за шеф на СДСМ по изборите „на кои е извесно дека СДСМ ќе загуби“.

Ако анонимусот навистина верува во извесноста дека СДСМ ќе ги изгуби изборите, зошто толку се испотил да го „отпише“ или барем да го дискредитира најдобриот исход од вонредниот конгрес на СДСМ: Црвенковски на кормилото на партијата што ја крена на нозе, Шеќеринска на чело на владата во сенка, истата онаа Радмила која го одработи кандидатскиот статус за Македонија? Ако груевци навистина веруваат во извесноста дека СДСМ ќе ги изгуби изборите, зошто нивниот институт „Димитрија Чуповски“ се обидува да буричка по редовите на својот политички противник? СДСМ бил заложник на политичките и личните амбиции на лидерот Бранко Црвенковски кого претходно го прогласија за „политички мртовец“? А „мртовецот“ - пожив од кога било. Секојдневното бербатење сведочи само за опседнатоста на Груевски и груевци со политичарот Црвенковски, кој им ги расипа плановите да уживаат во плодовите на „преродбата“ која им ги наполни џебовите.

Буричкањето по туѓите животи е омилена разонода на груевистите. Тие уживаат да буричкаат по нашите животи, по животите на нашите деца, по гробовите на нашите родители, па и по коските на нашите предци. Во саботата една жена во црно си дозволи да ме искара на улица. Наместо да го шетам кучето, требало да одам на гробишта, зашто на татко ми му била годишница. Да сум му запалел свеќа на Илија! На татко ми Илија, кој беше убеден атеист и никогаш не запали свеќа! На татко ми Илија Милчин, кој мене и брат ми нè заколна да биде погребан без какви било церемонии, световни и црковни. Пред две години, во Струга, дузина изроди ми врескаа дека земјата немало да ме прифати ни мртов и дека ќе немало за мене место ни во гробот во кој лежи Илија! Господареа и сè уште господарат груевци со животот и смртта во земјата македонска. До кога?

„Разбуди ја нацијата“, пее Пол Велер, некогашен панкер и водач на легендарната група „The Jam“. Во неговите стихови се наѕира одговорот:

Штотуку извадена од морето, рибата плеснува на тротоарот
Градот е под опсада
Не знам како да избегам од него, не знам кому да верувам
Не можам да најдам мислење што не е на колена
Во невреме талкаш во наметка купена на старо
Ќе ја разбудиме нацијата и нема да отстапиме
Ќе го затресеме поредокот и ќе им го одземеме
Нема каде да се биде, нема каде да се крвави
Извади ја главата од Фејсбук и исклучи го мобилниот
Откако умре поштенското сандаче, никаде не сум дома.

Слики: Christopher Orr

Извор: Шпиц, 16.03.11.

"Ќе го испразнат буџетот и ќе

"Ќе го испразнат буџетот и ќе ја дозадолжат Македонија преку мера" - Доволно беше само ова што го прочитав. Многу добро и е познато на македонската јавност кој беше главниот иницијатор за предвремени избори. Престанете да манипулирате....

Тоа се избори за спас на

Тоа се избори за спас на Македонија. Ама не може да се одржат без минимум услови за барем донекаде рамноправно презентирање. ДПМНЕ ги користи сите државни ресурси (пари, возила, компјутери, надници за активистите,..). Далеку од фер натпревар.

кажуј праото пред секого и ич

кажуј праото пред секого и ич не се бој од никого

"Груевски и груевци ќе ги

"Груевски и груевци ќе ги употребат сите средства што им се на располагање за да го избегнат заслужениот пораз."
А бранковци и милчиновци соросоиди веќе одамна работат валкано и ги употребуваат сите методи за да создадат услови за предвремени избори и пад на владата ама не им оди!

Се кладам дека Штефан Фуле ќе

Се кладам дека Штефан Фуле ќе го пофали Груевски за нивото на реформите и со куртоазни обопштени фрази ќе одбегне да и даде било каква подршка на опозицијата.

Османи предложи во МК да се

Османи предложи во МК да се лекуваат прво граѓаните на Косово, а денес и сите други странци, по повластени цени. Ќе се развивал медицински туризам. Каде да се лекуваат граѓание на МК? Посебно оние владеачките. Во некој швајцарски санаториум??

Калеников купил парцела крај

Калеников купил парцела крај Вардар во нас Аеродром за да гради базен (цца 800.000 евра). Од неговата фирма изјавиле дека имале искуство во развој на спортски центри. Крај нив веќе се ’нацртал’ и Пеце Наумовски.

Се бизмисмен до бизнисмен. Ниедна фабрика на видик. Ни од типот погони за производтсво на кечап или фарми за пилиња ала Циле. Камоли за производтво на најавуваните плазма екрани, компјутери, софтвер...

Ама затоа ’градежници’ едно чудо. И власта не престанува да ги ’радува’ граѓаните уште колку парцели продале. Вистински инвестиции.

ПС Прашање за 100.00 ден: дали на автобусите треба да пишува ’Донација ЗА Владата на РМ’?

Повеќе не сте достојни ни за

Повеќе не сте достојни ни за коментирање. Одвратна, самобендисана соросидна клапа. Збогум удавете се во сопствениот измет

Па вие веќе се удавивте, и

Па вие веќе се удавивте, и сакате сите други да ги удавите...

Ха,ха,ха. Збогум до наредната

Ха,ха,ха. Збогум до наредната колумна. Кога Тина ќе се престори во Марина и повторно ќе блуе над одвратните соросоиди.

ПС за горната вест околу парцелите. Што ти значи во вистински момент да купиш нов костум! И за тој факт гордо да и се пофалиш на јавноста, и се разбира на шефот... Изгледа затоа оваа трка во последно време за истакнување билборди, распнување шатори,... од типот - И јас не сум А1 (И јас сакам дел од даноците)!?

А Философ ќе се претвори во

А Философ ќе се претвори во Аналитичар, Пандалфски, Критичар и така натака и така навака.

Патетика, да падне

Патетика, да падне ненароднава власт а не сакате на избори...лицемери малодушни...па борете се донесете набљудувачи од каде сакате и навладини од каде сакате,алллоооооооооооо ги поседуваш сите невладини стави ги ко напљудувачи (ако мислите дека е тоа проблемот) изгласајте измени во изборниот закон кои мислите дека се потребни а не се фајќајте јебига за клошарот Велија, шо мислите тој ќе одработи за вас???!! Сака машки застанување пред јавноста а не криење ко пичиња под кошула...после Грујо ќе ве победел,е ќе ве победи кога малоумниот пензионер ве дупи како сака...ебаве интелектуалци ебаве...

Циркузот Медрано има потреба

Циркузот Медрано има потреба од нови акробати и кловнови, па соросиди, комуњари, хомосексуалци и остали повелете, и се надеваме достојно ќе го претставувате циркузот и ќе ги забавувате присутните гости како што ги забавувате на оваа страница. Поздрав

ОкоБоли главаВицФото