1017 hPa
82 %
16 °C
Скопје - Нед, 09.11.2025 13:59
Мојот мртов коњ
што мириса босилек
го влечам како чамец
Дрвјата се потат
Виножито на смртта
Ветрот од патиштата
носи разговор на група луѓе
и се крсти
Секоја билка стана бела креда
Оф
Забите на мојот коњ
и неговата ливада
Децата полумесеци
ја изгубиле играта
и скриени зад ѕидовите
го чекаат тропотот на мојот коњ
Водо
Испеј една тажаленка
за мојот голем коњ
за мојот одмор.