Концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов и пријателите

21.05.2025 12:45
Концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов и пријателите

На 30.06.2025. од 20:00 часот во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе се одржи светската концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов и неговите пријатели, албум кој е снимен во Ханој, Виетнам, во 2023 година.

„Маглота“ е најновиот музички проект на Јордан, роден од неговата длабока врска со Виетнам. Тоа е доказ за магијата што се случува кога музиката се испреплетува со културата. Албумот вешто ги инкорпорира традиционалните музички инструменти кои се длабоко вкоренети во нашиот секојдневен живот. Тоа што плени е и хармоничното спојување на традиционалните виетнамски мелодии со уникатниот музички стил на Јордан Костов.

„Маглота“ е енергичното музичко игралиште кое постојано бара нови бои и значајни вредности што ги носи музиката. Виетнам одигра клучна улога во музичкото патување на Јордан, бидејќи тој навлезе во локалната култура и формираше силни врски со виетнамските пријатели музичари.

Солисти на овој промотивен концерт се:

Јордан Костов (Македонија), хармоника
Роман Столјар (Русиа), пијано
Бренда Охана (Бразил), маримба
Фенг Хао (Кина), тапани
Нилимеш Чакраборти (Индија), табла
Монит Пол –(Индија) сарод Бруно Тоци Теза (Бразил), бас
како и хорот Св. Злата Мегленска и солисти со кој ќе диригира Летка Димовска-Полизова.
Гостин – Сузана Спасовска

Срдечно ве покануваме на оваа наша голема промоција и воедно се надеваме дека ќе најдете инспирација за ваша поддршка на ова неповторлива прилика на врвните светски музичари во овој проект.