1005 hPa
62 %
11 °C
Скопје - Пон, 16.02.2026 14:59

ФИЛМАЈ 2025 фестивалот на краток филм - Куманово ќе се одржи на 28 и 29 мај 2025 (среда и четврток), во Занаетчиски дом - Куманово. Двете вечери на седмото издание на фестивалот ќе бидат со почеток во 20 часот.
На ФИЛМАЈ 2025 ќе бидат прикажани наградените филмови: турскиот 'Скоро целосна измислица’ режиран од Чансу Бајдар, рускиот `Достоинствено` со Никита Белај како директор на фотографија, 'Дрвја намачкани со катран' (Данска) по сценарио на Михаел Кунов, заедно со најдобриот домашен филм `Прошетка` режиран од Елеонора Венинова, како и `Посетителите на Амаја` (Шпанија) како најдобар краток филм. Исто така, ќе бидат прикажани и 11 официјално селектирани филмови.
Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено oд Никола Кузелов (актер и сценарист), Лавинија Софрониевска Лошков (режисерка) и Пол Диглер (режисер, сценарист и монтажер).
Влезот ќе биде бесплатен за посетителитe. Организатрот напоменува дека не се препорачува присуство на публика помлада од 16 години поради експлицитни сцени, стилизирана голотија, драматуршко насилство и суровост спрема животни во неколку од филмовите.
Дополнителни информации и детали може да се следат на ФБ страната на фестивалот ФИЛМАЈ .