Јавен настан: Четири вежби во неизвесност – внимателни погрешни читања на Скопје

27.05.2025 23:40
Јавен настан: Четири вежби во неизвесност – внимателни погрешни читања на Скопје

Во петок на 30 мај, со почеток од 18 часот, во PrivatePrint Studio во Скопје, ќе се одржи перформативен настан на Јудит Милц, настан што ќе го заокружи нејзиниот уметнички престој во студиото.

Во текот на две недели од својот уметнички престој во PrivatePrint Studio, Јудит Милц, направи четири шетачки работилници на кои присуствуваа вкупно 12 учесници. „Четири вежби во неизвесност – внимателни погрешни читања на Скопје“ е серија работилници кои градот го третираат како детективски случај – нерешен, отворен и полн со тивки индиции. Јудит покани локални учесници да го погледнат градот преку серија интуитивни, спекулативни и игриви вежби што произлегуваат од самата практика на уметницата: мешавина од дериве, магично размислување и лебдечко набљудување.

Преку вежбите и прошетките, дијалозите и искуствата на учесниците, како и преку нејзините самостојни прошетки и средби со претставници од нашата културна сцена, Јудит собра збирка приказни, впечатоци и мапа прошетки, кои ќе ги презентира на овој настан, отворајќи уште еден простор за дијалог со присутните.

Јудит Милц (родена 1989 година) е интердисциплинарна уметница која живее и работи во Карлсруе и Берлин, Германија. Во своите дела, таа ги истражува можностите на скулпторската, перформативната, фотографската и новинарската нарација. Заинтересирана е за случајните и секојдневните процеси, за ситуациското и за анегдотското.

Резиденцијата на Јудит Милц е финансирана од Гете-институтот Скопје, во рамки на проектот „Кругови на привремено спојување“, дел од програмата за престој на уметници и културни работници на PrivatePrint.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото