КРИК 2025: Преобразба/Metamorphosis

02.06.2025 01:36
 КРИК 2025: Преобразба/Metamorphosis

Почитувани, со голема радост и задоволство Ве покануваме на овогодинешното издание на фестивалот КРИК - Фестивал за критичка култура, кое годинава се одвива под насловот „Преобразба/ Metamorphosis “. Ќе ни биде огромна чест заеднички да отвориме прашања, понудиме одговори и споделиме ставови на темите претставени во програмата во прилог.

КРИК – фестивал за критичка култура, годинава, како и секоја претходна, требаше да биде голема прослава на идеите, на заедништвото, на поврзувањето, на размената. Оваа година, која можеби требаше да ја наречеме јубилјена, ние не славиме и не ја одбележуваме со празнично расположение, туку со будност и чувство на итност. Прашањата што сакаме да ги поставиме на местото на прославата се: Што значи да се одржи една платформа за критичка култура, во време кога самите темели на јавниот живот и простор се распаѓаат? Што значи да се зборува за преобразбата кога таа преобразба е присвоена од системите што го задушуваат и убиваат секој гест на несогласување, протест, отпор? Кои се алатките на преобразбата кога општествата, а со тоа и на субверзивните, критичките актери во културата и уметноста, кои припаѓаат на независната/ вонинституционалната културна сцена, локално, а и глобално, структурно се распаѓаат под тежината на популизмот, прекарноста и еродираните демократски норми?

КРИК 2025 не е прослава на континуитетот – туку чин на истрајност. Како проект на Контрапункт, фестивалот останува посветен на критичноста како политички чин, а не како реторички став. КРИК е глич во системот – прекин во програмираниот тек на спектаклот, комодификацијата и тишината. Оваа година, со темата „Метаморфоза/Преобразба“, не прашуваме што културата може да направи, туку што културата мора да направи во услови на системска стагнација, институционална ерозија и нормализација на нееднаквоста.

Метаморфозата значи спротивставување на наследените форми кои повеќе не ни служат. Тоа не е адаптација – тоа е реконституција. Во време кога дури и промената е курирана, КРИК бара поинаков вид трансформација: онаа вкоренета во солидарноста, во радикалното преобмислување на колективниот живот и во одбивањето да се нормализира ексклузивноста, цензурата и културната амнезија.

Овој фестивал не е само простор за собирање/прослава, егзалтација и афирмација, туку и за тагување/соочување со тагата, неуспесите, резигнацијата, грдото лице на општествените бездни – тагување по и соочување со загубите на јавниот простор, ерозијата на демократските инфраструктури, предавството на еманципациските ветувања. Но, тагата, овде, не е крајната дестинација. Таа за нас е основа за понатамошно храбро дејствување. Годинава се повикуваме на преобразбата, на метаморфозата, затоа што не сме подготвени да ја прифатиме инерцијата со која светот се движи молкум во насока на слепо прифаќање на акутните и разорувачки политички, економски, културни обесчовечени слики како единствено е можни. Се повикуваме на пробразбата како радикален отпор и турбина за менување на правецот кон патеките кои ни се чинат клучни за создавање на силна арматура и општества на припаѓање и солидарност: меѓугенерациски дијалог, заедничко сопствеништво на културната меморија и практики што го обновуваат сврзното ткиво на нашите расцепкани заедници.

КРИК 2025 е повик за дејствување – не сами, туку заедно! Не за видливост, туку за визија! Не за прослава, туку за културен пркос!

До сите кои продолжуваат да веруваат во културната и уметничката патека како алатки за оптествена промена, конфорнтација и реакција, во теоријата како инструмент на отпор и во заедницата како глас за реобмислување, ова издание ви го посветува вам!

Нема што да се слави.
А сепак, ние сме сè уште тука.
Што, исто така, е уште еден акт на метаморфоза.
И ве повикуваме на патеката на континуирана преобразба Ова е време за преобразба!

ПРОГРАМА

02.06.2025 | 20:00 часот
ГЕРАЛД РАУНИГ „ИЗРАБОТУВАЊЕ МНОШТВО“
– концерт и промоција на книга КСП Центар Јадро

03.06.2025 | 13:00 часот
ГЕРАЛД РАУНИГ „ВО РИТАМ СО ТЕОРИЈАТА“
модератор: Артан Садику
– отворена дискусија и рефлексии Социјален простор Дуња

04.06.2025 | 16:00 часот
ДИДРИХ ДИДРИХСЕН „КАКО СЕ ПИШУВА ЗА СУПКУЛТУРА?“
– работилница Социјален Центар Дуња
05.06.2025 | 18:00 часот

ДИДРИХ ДИДРИХСЕН „ЕСТЕТИКА НА ПОП МУЗИКАТА“
модератор: Петар Милат
– промоција на книга КСП Центар Јадро
23.06.2025 | 20:00 часот

СЛАВЧО ДИМИТРОВ „ANARCHIC BODIES: CORPOREAL MATERIALISM, AFECTS AND THE POLITICAL“
– промоција на книга
во разговор со Јелисавета Благојевиќ и Љубомир Данаилов Фрчкоски КСП Центар Јадро

25.06.2025 | 19:30 часот
Отворање на изложба “Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста” / GRACELAND PARADOX: NAVIGATIG UNCERTANTY
Уметници: Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома, Билал Јилмаз Куратор: Лидија Хатсијакову
Музеј на Современа Уметност

26.06.2025| 16:00 часот
Работилница за животната средина, хуманизмот и современата уметност Водители на работилницата: Билал Јилмаз, Фани Будуроглу, Ранија Емануилиду, Евангелија Псома.
Музеј на современа уметност

***

КРИК – Фестивал за критичка култура е финансиски поддржан од програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“, Гете-институтот, Министерството за култура на Република Северна Македонија и програмата Креативна Европа на Европската комисија, финансирана од Европската унија.

„Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs) е проект финансиран од Европската унија со цел поттикнување на дијалогот на Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор за зголемен социо-економски ефект.

Оваа издание на фестивалот е дел од проектот Re-Imagining Europe: New Perspectives for Action. Проектот е дел од програмата на Креавитна Европа за 2021- 2027.

Поддржано од Европска Унија. Погледите и ставовите се исклучиво на авторот и не ги рефлектираат оние на донаторите, Европската Унија или Извршната агенција за едукација и култура.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото