1015 hPa
48 %
28 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 11:18
Паѓа свилата на вечерта
паѓаат крилја
нашиот Имот тука некаде
се менува
паѓа свилата на вечерта
изморени од долгото патување
се гледаме
цела година одевме за да стасаме во Пуста Земја
веќе две години се враќаме назад
на тргнување се зарековме
да ги оставиме скапите накити
далеку
за земјата да биде земја
цела година одевме за да стасаме во Пуста Земја
веќе две години се враќаме назад
ова е поинаква голотија
зар не гледаш дека тишината нѐ разболува?
1983 г.