1012 hPa
39 %
35 °C
Скопје - Нед, 19.07.2026 13:59
(Песна за еден прстен од изминатиот век, кој се зачувал како домашна реликвија)
Знам дека ти прилега!
Што ти прилега? Мислиш на турбанот
од црвен облак што се крева
како зафатено ткиво од рак.
Ти прилега парата што ја држиш
половина смоква, половина глад,
половина машка сила.
Што ти прилега уште?
-Ми прилега возбудата за која знам
дека нешто треба да се менува
со писмото под везот, со мислата
што дреме како жолта ждребица
во еден украден прстен од Зрзе.