1009 hPa
24 %

36 °C
Скопје - Нед, 20.07.2025 14:59
Моето дно не е газер на океанот
кај што се кријат ретки риби со чудни шари,
ниту пак е место
каде што се таложи калта на напуштениот бунар
од кој веќе никој не пие вода,
моето дно не е точка каде што тонењето запира,
а светлината папсана легнува
покривајќи се со наметка од искршени чекори,
моето дно не е панорама на недотрчани трки,
и отпад на сакати идеали,
моето дно е напрегат мускул на ноќта
кој повторно ме фрла угоре,
во скутот на запалениот кислорот
и ме преобразува во митска птица.