Листа на најдобрите појадоци во светот

17.06.2025 00:26
Листа на најдобрите појадоци во светот

Гастро водичот Taste Atlas ја претстави новата листа на 50 најдобри појадоци во светот, составена во јуни 2025 година. Комплет лепиња, која до неодамна се наоѓаше на самиот врв, „падна“ на второто место со оценка 4,6, а за најдобар појадок е прогласен турскиот појадок „кахвалти“.

Не станува збор за едно јадење, туку за традиционално сервиран раскошен оброк составен од различни солени и слатки јадења и топли напитоци. Зборот „кахвалти“ потекнува од два збора: „кахве“ (кафе) и „алти“ (под/пред), што во превод значи „пред кафето“. Кахвалти е оброк кој традиционално се јаде пред консумирање кафе, бидејќи во османлиско време кафето се сметало за пијалок во кој се ужива по оброкот, а не за време на или пред него.

Турскиот појадок кахвалти се состои од широк спектар јадења и мешавина од многу вкусови, текстури и категории на храна. Месата обично се преполни со сирења, намази, маслинки, зеленчук, локални лепчиња, јајца, пити, баклава и други слатки печива, придружени со топли напитоци како турски чај.

Во листата 50 најдобри појадоци во светот се најдоа и босанската пита кљукуша (на 21. место), бурекот (24. место), бурек со сирење (31. место) и сирница (34. место).

Извор: https://n1info.rs/

ОкоБоли главаВицФото