Седма епизода на „Одрадек”: Мери Шели и „Франкенштајн”

17.06.2025 12:59
Седма епизода на читачкиот клуб „Одрадек”: Мери Шели и „Франкенштајн”

Во седмата епизода на читачкиот клуб „Одрадек“ зборуваме за готичкиот роман „Франкенштајн“ на англиската писателка Мери Шели (1791-1851). Низ разговорот им се приближуваме на историскиот контекст во којшто настанал романот, неговата форма, како и на прашања поврзани со односот помеѓу уметноста и технологијата во минатото и денес.

Разговорот го модерира Никола Гелевски, а учествуваат професорката Лидија Капушевска Дракулевска и писателот Златко Гелевски.

Разговорот може да се проследи и на линкот на Spotify.