Халуцинации

18.06.2025 15:45

Излегувам од храмот
во кого не мириса на свеќи и темјан.
Освојувам и канам битки со црвено цвеќе в уста...
Толку сум неспан, а под мене се повлекува сета земја,
дали тоа светот се уништува во секој допир
и одново се густи?

Околу мене сѐ се врти со звукот
од кого жените во невозможни работи се плодат,
а луѓето се повисоки од секоја куќа
што се мрда како во смешани реки.
Дури еден дел вадам од заборавена вода
не знам дали сум убиен или за убиство некого чекам.

Одново доаѓаат луѓе со раце од лилјаци и менати глави;
им го оставам своето тело,
а со друго избегнувам во пејсажот од буки и лески,
(чии лисје за првиот лет пеперуги жолти се прават)
каде долот потемнува за еден мртовец
што се претвора во јаре и вреска.

Над мене шарени бубачки
пренесуваат непознат говор преку срмени конци,
а мојот труп гори и околу него се шири суша.
Од врв планина слегуваат бабари со занишани ѕвонци
И одново некаков оркестар се сместува во моите уши.

Со името од таткото на мојот татко
се враќам во првото тело.
Во црното мастило гледам далечен балкон
на кого нејасен светец клечи.
Па слушам: за мене хорово се моли
цело едно село наредено зад моето чело,
дури една девојка во својот маѓепсан обрач
започнува да ме лечи.

1960 г.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото