Нека пукнат душманите, па да ги бомбардираме

20.06.2025 13:11
Нека пукнат душманите, па да ги бомбардираме

 


Нека пукнат душманите, па да ги бомбардираме.


Моравме да ги бомбардираме. Од авион се гледаше дека ќе нè нападнат.


Бог ни го покажува патот, Ѓаволот можностите.


Истрагата тапка во место. Никој не сака да ја откопа жртвата.


Што нè одржува во живот? Стравот дека можеби не сме живи.


Не можам да го земам животот во свои раце. Тежок е.

Политичарите на новото време? Лажни профили.


Сеат страв. Тоа кај нас дава најголеми приноси.


Кај нас нема столбови на демократијата. Нашата демократија се потпира на трупци.


Апсурд! Трупци, а отскочни даски!


Мислењата се поделени. Нека крене рака оној што не добил.


Не повлекувај линија пред глупоста. Ќе го сфати тоа како старт.

Сезаме, отвори се! Полиција!


Не го почитувам законот, но судијата ми е добар пријател.


Право ви е кривото, па потоа криво ви е правото.


Никогаш не сум се судрила со законот. Го заобиколувам.


Рани куче за да не те лае комшијата.


Видов повредена црна мачка. Кој знае кој ѝ го пресекол патот?

Нашиот ланец на исхрана ‒ се скина.


Ја победивме сиромаштијата. Работниците го прекинаа штрајкот.


Пензионер фатил златна рипка и ја изел.


Кога си мал и сам дома, се плашиш некој да не дојде. Кога си стар и сам дома, се плашиш никој да не дојде.


Влечеме корени од кај ќе стигнеме. Гладни сме.


Дојде подоброто утре, а јас немав со што да го послужам.

Цртежи:
Saul Steinberg

ОкоБоли главаВицФото