1020 hPa
75 %

6 °C
Скопје - Пет, 14.02.2025 02:25
Ве информираме дека АГТИС продолжува со реализацијата на проектот “За слободното убедување дека властите не треба да се предизвикуваат - 2”. Овој проект ги третира двете основни човекови права - право на слободно изразување и право на слободно собирање, како и НВО инструментите (застапување на општи и посебни граѓански интереси пред институциите на системот) и нивната видливост. Проектот става посебен акцент на активностите на НВО секторот, новинарите и другите субјекти кои треба да ги бранат основните човекови права.
Целта на овој проект е постигнување консензус за фактичка и практична заштита на уставното право на слобода на јавно изразување и право на слободно јавно собирање. Сметаме дека таа цел може да се оствари преку зголемување на капацитетот, решеноста и свесноста на споменатите “играчи”, пред сè, невржладините организации. Па така, една од задачите на проектот е подобрување на видливоста на застапувачките вештини на македонските НВО-и.
Како дел од проектните алатки и активности, АГТИС сними видео материјали во кои се разговара и се изнесуваат мислења за почитувањето/прекршувањето на правата на слободно изразување и слободно собирање, улогата на НВО-ите во Македонија, нивните капацитети за застапување, видливост на резултати.
Видео материјалите можете да ги видете на следните линкови:
ТВ емисија “НВО помеѓу прагмата и декларацијата”, во која претставници на политички партии, новинари и НВО-и ја фалат и критикуваат работата на невладиниот сектор:
прв дел http://www.youtube.com/agtis#p/u/9/mzn_fLWh0do
втор дел http://www.youtube.com/agtis#p/u/8/AZ3eqcPuCxY
ТВ перформанс “Шетачки говорник”, во која сатирично-цинично се претставени мал дел од НВО-и кои “не се регистрирани” за потребите на политичките партии:
http://www.youtube.com/user/agtis?feature=mhum
ТВ перформансот “Шетачки говорник” од следната недела ќе биде емитуван на националните и регионални ТВ станици.
ТВ пародијата “Случајот на силуваната демократија”, во која хумористично е претставен еден од примерите на “почитување и бранење на правата за слободен говор и слободно собирање во Македонија:
кратка верзија на перформансот (7.56 минути)
http://www.youtube.com/agtis#p/u/6/w4Dyx3MIRFo
долга верзија во три дела (27.52 минути)
прв дел http://www.youtube.com/agtis#p/u/8/_I8Ltsd4YRM
втор дел http://www.youtube.com/agtis#p/u/7/Yk6Dqrwb0e0
трет дел http://www.youtube.com/agtis#p/u/6/Zhqml7EMRyc
Извор: agtis.org.mk