Симетријата на подземните метроа низ Европа

20.06.25 14:56

Европа е дом на некои од најпознатите јавни транспортни системи во светот — од парискотo Метрo до берлинскиот У-Бан и метрото во Стокхолм. Последново, пак, е дом и на извонредна серија подземни уметнички поставки, наречена „најдолгата уметничка изложба во светот“, со должина од над 110 километри. Уметниците играат клучна улога во дизајнот на станиците уште од 1957-та година, создавајќи импресивни, мултисензорни искуства.

За Тибо Друтел, архитектурата на подземните железнички станици е клучен дел од доживувањето и естетиката на патувањата, надвор од нивната основна функционалност. Патувајќи од Хамбург до Стокхолм преку Берлин, Минхен и Брисел, тој ги фотографира внатрешностите на иконични локации во серијата наречена Symmetric Subway, притоа внимавајќи снимките да се совпаднат со минувањето на возовите, кои внесуваат енергија во сцените со своето движење.

„Европските метроа нудат визуелна разновидност,“ вели Друтел, „секој град му пристапува на подземниот простор различно, мешајќи брутализам, футуризам, минимализам, а понекогаш и неочекувани декоративни елементи. Она што ме привлече беше симетријата што понекогаш се појавува во овие простори — не само во распоредот, туку и во повторувањето на шемите, огледалниот ефект на пероните и прецизноста на дизајнот.“

Брисел

Стокхолм

Минхен

Берлин

Хамбург

Стокхолм

Берлин

Минхен

Извор

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Око
Општество / Јавни простори / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото