На море

23.06.2025 08:30

одиме на море
на одмор
сите заедно
едвај чекаме
да се собереме
да поуживаме
да починеме
реки туристи
од водичи со знаменца
кон плажите упатени
одите на море
кон спас
со тие што преживеале
дал живи ќе излезете
дали пак ќе се видите
дали ќе починете
долги реки бегалци
од граничари со пендреци
во морето вратени
на песокот лежалки за сите
со единствена грижа
пуштениот стомак
и можда јакото сонце
дур да стигнат коктелите од барот
во Газа ни носилки за најстрадните
единствена надеж
залак колку да се преживее
и можеби глава да се извлече
од нападите врз редовите за храна
карши карши сме
водата иста е
ми се превртува утробата
ме јаде туѓиот срам
вашите солзи пресушени
извираат низ моите очи
да си пукнам
на илјадници да се распарчам
да дојдам да ве одменам

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото