Кутии

25.06.2025 16:54

Искуството од механиката
скалила поплочена вишност ладна логика
наспроти моето балконско пиле
   кое: одлетува
   во идни птици.
ливинг театар: 1000-тото изобличување
им ги опржи лицата
   како црвен ветар
   ... и натаму висеа конци
   од процепите во параваните
како невкусни редоследи.
огледувајќи се и прешминкувајќи се во циркусот
јазикот ми го разби одразот
   кога и како
   пргавото прле се провре низ огнениот обрач
Видовме како сонцето падна во сивиот свет
на кантите.
матни и млаки небески латици во предградијата
   како зони бодлеровски бол
а панкот врши вивисекција
а хајзенберг говори за можностите на светот:
ако се отвори невидливата
и како сплинка сплескана страст

1992 г.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото