Да имаше еден, макар еден пример кога некој бил стручен, го бивало, ама немал врска со партијата на власт
Кога само претседателката би можела да ни посочи барем еден пример дека некој е ставен на раководно место во државен сектор само затоа што е стручен, а нема партиска книшка. Еден, макар и еден директор на јавно претпријатие, на болница, на поликлиника, на школо, на градинка, на театар, на музеј, на опера, на балет, на спортска сала, на базен, на играорно друштво… И пеење на концерти и организирање прослави не може да помине без партиски ангажман. Да имаше еден, макар еден пример кога некој бил стручен, го бивало, ама немал врска со партијата на власт.
Алек Букарски во „#Антианархистички манифест“ низ тринаесет фрагментарни, автобиографски и алегориски текстови ја испишува мапата на личните и општествените противречности на современа Македонија. Меѓу анархизмот и припадноста, провинцијата и главниот град, интимното и политичкото, оваа книга е немирен запис за осаменоста, идентитетот и потрагата по слобода.