Мојата теорија за случајот Палчо

27.06.2025 11:16
Мојата теорија за случајот Палчо

Мене ми е интересно како низ целиот процес против Палчо никој не седна да изгледа макар дел од неговите подкасти.

Убиството немало смисла?

Ја киднапирале и наместо да ја вратат за пари, ја убиле?

Детето е од влијателна Влашка фамилија.

Палчо посвети илјадници саати на неговите емисии развивајќи секакви теории за Влашкото лоби, колку тоа Власите сакаат да го контролираат, убијат, замолчат итн. Не само него туку и сите "вистинитољубиви патриотски" Македонци. Непријател бр. 1 му беа Власите, и ги гледаше во сенката зад секое зло или проблем.

Во неговите емисии исто така провејуваа разноразни метафизички, фантастични и квази-религиозни уверувања, и голем број бааги луди теории на заговор (пример во вакцините имало микрочипови кој ќе следел сѐ што праиш, а тоа секако било проект на Власите и Евреите, Масоните, Илуминатите итн итн.).

Самите симболи на партијата и движењето имаат нескриена окултна позадина (делумно асоцирана и со неонацистички движења.)

Тоа што неговите пајдаши го викале "Царот" и често ги извршувале неговите наредби и желби без никаков поговор или дебата укажува на тоа дека ова е мини култ. А тој култ (ако се погледнат емисиите на Палчо) има најголем непријател, а тоа се Власите.

Мојата „теорија на случајот" е дека убиството е всушност некаков забеган ритуал, некаков обид да се направи некаква „црна магија", да се убие младо Влашко девојче од моќна фамилија. Или, едноставно е обид да се напакости на најголемиот непријател на Палчо - Власите, па сакал да им убие „нешто најмило" како еден вид одмазда.

Ова Палчо не го кажувал на неговите поданици туку вистинските намери си ги чувал за себе, оти неговите поданици и да го слушаат слепо, ќе раскажат за тоа на некој друг и ете ти проблем.

Затоа целата нивна операција делува хаотично и без ред.

Затоа не што немаат барано откуп за пари туку и никогаш не утврдиле конкретна сума (ниту сумите прават смисла.)

Затоа ни на самите поданици целиот настан не им прави многу смисла, додека Палчо ладнокрвно си го извршува чинот (он изгледа добро си знае зошто го прави тоа и нема дилеми.)

Всушност, не морал никој ни да му ги гледа емисиите. Ретко кој психотичен убиец има јавно достапни емисии, меѓутоа органите на прогонот имаат форензичари и психолошки профилери, вештаци кои знаат како да навлезат во психата на осомничениот и да откријат што го мотивира, какви склоности има итн.

(Како целиот овој елемент да изостанува од истрагата. Дали МВР нема форензичари и крим психолози? Зошто? Дали затоа што Палчо е наводно поранешен "соработник" на службите, па службите добро му го знаат профилот, како и дека сега човекот е забеган, па да се признае тоа ќе отвори многу поголема вреќа со болви бидејќи бил оставен да делува без контрола?)

Но без разлика дали е убиство од крвна одмазда, или некаков секташки ритуал, и двете можности се сосема легитимни. Во други земји одамна се случуваат убиства и од култови и од крвна одмазда, меѓутоа во Македонија менталитетот ни е дека тоа постои "само на филмови" па од тука изгледа никој и не се замарал со други опции и мотиви освен "материјалната корист". (Или ги знаел тие опции, но истрагата е свесно насочена само кон материјалната корист.)

А материјалната корист како да ја нема. Затоа што можеби и навистина ја нема.

Можеби користа за сторителот е од друг тип - емотивна корист, ментална, "духовна" корист, идеолошка - а многу индикации за тоа се гледаат во емисиите на Палчо.

Можеби сум во право, можеби грешам.

Но еве чисто и јас да си ја кажам и мојата теорија за случајот, колку да фигурира во колективниот ум.