Музика

27.06.2025 13:03

Се крена едно ветре
И засвири низ синкавите труби
И низ белите гранки на јасиките.
Сѐ застана – луѓето, птиците, стоката.
И сонцето застана сред пладнина
А тој, тој побрза кон своите книги
Во големите речници зад прозорецот
Го бараше името на таа музика
Прелистуваше по целата алфабета.
Најпосле го пронајде тоа име.
Кога излезе, музиката одминала
Се одлеваа последните звуци
Тој остана сам со тој пронајдок
Стискајќи ја в рака таа именка.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото