1012 hPa
39 %
35 °C
Скопје - Нед, 19.07.2026 13:59
Висок напон на мислите
И внатрешен крш
на телесноста
И провев во вакуумот
И процеп во умот
Но не сегашен
ни вчерашен...
Дамнешен
Сега само посилен,
Бесвесен
Кој бара да се оттуѓи од себе своето
Кој бара да се полуди
Да не се биде
ј а с
Само не – јас
Или да се биде смел
Да се варосаат темните агли
зачадени од долгото согорување
на невистината
И да се каже вистината:
Она што се таложело
Како саѓи во внатрешноста
Го зацрнило крвотокот
Па се изгубила чистината
На стаклените дна
И само јад
И само студ
И каков ли суд
кога ќе напукне совеста.