1008 hPa
58 %
10 °C
Скопје - Саб, 14.03.2026 20:59
Тие го предвидуваат
врутокот на појавите,
одејќи по алките
што кон кристалот ги водат.
Черепите им се одаи
што пловат во просторот
преполн со јатки
и здржани молњи.
Никогаш не е знајно
нивните љубовници недофатни
- кога ќе ѝ го насетат
на новата рожба пулсот.
Колку што им е дадено
од предците и соседите,
тројно повеќе тие
наоѓаат живот во себе.
Ги касаат постојано
рассалени заветрини,
но останува нивна
убавата длабочина.
Таму ги наоѓаат оние
што сакаат да им се придружат
во градбата што не им е имот
туку е име на векот.