1025 hPa
56 %
6 °C
Скопје - Вто, 10.03.2026 22:59
Не само да те споменувам.
Не само да те придружувам.
Не да те имам како дрочен плод,
туку како мала семка
од која секој нов ден
нов плод ќе смислувам.
Не да сум сенка под твојата сенка.
Не да обневидам од твојот сјај,
туку да имам сили и машкост
да те кренам, да те исправам
пред лицето на друга вистина,
па да зазборуваш со друг јазик
непознат и за оние
што говорот ти го дадоа.
Не да те леам од бронза
над која времето ѕвездени заблуди ќе кове,
туку да те среќавам мудрец на распаќа,
мудрец што лесно не се препознава.
Не само да те споменувам.
Не само да те придружувам.
Да те имам и кога те немам.
Да те бранам и од оние што те бранат.