ДОБРО ПРАШАЊЕ - промоција на сетот карти ФАМИЛИЈА

09.07.2025 13:22
ДОБРО ПРАШАЊЕ - промоција на сетот карти ФАМИЛИЈА

Во петок во 21 часот во културниот центар Јадро ќе се одржи промоција на вториот сет, Фамилија, од психолошката игра со карти ДОБРО ПРАШАЊЕ.

Сетот Фамилија ќе го промовираат, низ игра, писателките Николина Андова Шопова и Симона Јованоска, писателот Стефан Алијевиќ и активистката и социјалната работничка Ива Михајловска. Модератор ќе биде Никола Гелевски.

Еве неколку прашања, од триесетината, на кои ќе треба да одговорат играчите-промотори:

- Опиши ја фамилијата со еден збор. Зошто токму тој збор?

- Најдобар совет добиен од родителите?

- Од кого, кога и како прв пат дозна за сексот?

- Што мислиш за обичајот на инуитско племе, секој поединец да добие 12 партнери за распределба на храната, за цел живот?

Настанот е дел од програмата на десеттиот книжевен фестивал Друга приказна, чијшто прв дел ќе се одржи во Јадро од 11 до 13 јули.

Слични содржини

Книжевност / Култура / Настан
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Книжевност / Настан
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан
Книжевност / Настан

ОкоБоли главаВицФото