Плакатите на „Друга приказна“

11.07.2025 13:08
Плакатите на „Друга приказна“

Викендов, одд 11 до 13 јули, во културниот центар Јадро ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и првпат ќе се одвива во два дела, во јули и октомври.

Во јулскиот дел во три дена предвидени се десетина програмски содржини: промоции на неколку нови книги во едицијата Магма, три разговори во читачкиот клуб Одрадек (првпат ќе бидат изведувани пред публика), два разговори во новиот разговорен формат Помеѓу двајца (цел еден свет) и промоција на вториот сет, Фамилија, на психолошката игра со карти Добро прашање.

Програмата ќе се одвива секој ден, од петок до недела, од 19 до 22 часот. Ќе учествуваат триесетина луѓе од нашата земја.

Преку ден граѓаните по намалени цени ќе можат да купуваат книги од книгоиздателството Темплум, кое го организира фестивалот Друга приказна.

На изложбата во Јадро ќе бидат прикажани сите досегашни плакати на фестивалот, создадени во студиото за графички дизајн КОМА. Во продолжение и овде ви ги претставуваме досегашните главни плакати на фестивалот Друга приказна. Под секоја слика има линк кој ве носи низ десетте години на фестивалот.


Друга приказна #10

 


Друга приказна #9

 


Друга приказна #8

 


Друга приказна #7

 


Друга приказна #6

 


Друга приказна #5

 


Друга приказна #4

 


Друга приказна #3

 


Друга приказна #2

 


Друга приказна #1

Слични содржини

Општество / Активизам / Книжевност / Култура
Општество / Активизам / Култура / Настан
Општество / Активизам / Книжевност / Култура
Книжевност / Култура / Настан
Книжевност / Настан
Фотографија / Книжевност / Култура / Настан
Фотографија / Книжевност / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото