Песната

11.07.2025 16:56

Свилените буби
се затвораат погубно
создавајќи свила.

Тоа не е криење.
Тоа е засолнување на огнот
од омразата на водата.

Поетот го граба светот во себе,
го збива како земен гас,
па или светот ќе му ја однесе главата
или од главата негова
ќе излезе како песна.

Ако песната почне
патот да си го отвора сама,
поетот не ќе се опира
златната кожурка на смртта
да го затвори во себе,
не како исушен ползач,
туку како јатка
со моќ на живот.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото