1022 hPa
66 %
11 °C
Скопје - Пон, 08.12.2025 10:59
На 11 јули во културниот центар Јадро се одржа првиот настан на книжевниот фестивал Друга приказна. Најпрвин краток увод за десетгодишнината на фестивалот и за овогодинешниот концепт изнесе главниот уредник Никола Гелевски. Тој го објасни и новиот разговорен формат наречен ПОМЕЃУ ДВАЈЦА (цел еден свет), во кој двајца писател(к)и разговараат за своите актуелни книги, истовремено одговарајќи и прашувајќи, објаснувајќи ги своите ставови, но и обидувајќи се да ги дознаат и ставовите на соговорничката.
Новиот фестивалски разговорен формат одлично го презентираа (или креираа) Марко Трпески и Филипа Сара Попова, млади писатели од Скопје кои, меѓу другото, зборуваа за своите мошне впечатливи и актуелни книги: „Метафора“ (во две книги) на М. Трпески (кој воедно е и илустратор на двете книги) и „Скршен терариум“ на Филипа Сара Попова.
На настанот присуствуваа дваесетина луѓе, а фотографиите (во продолжение) ги направи Небојша Гелевски.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)