Најдобрите вицови на Окно 2010

18.03.2011 16:17
Најдобрите вицови од 2010

Кандидат

Го прашуваат кандидатот за избори:

- Зошто се кандидиравте?

- Како зошто? Не гледате ли што се случува наоколу? Власта тоне во раскош, корупција, безделништво...

- И вие сакате да се борите против тоа?

 - Не, сакам и јас да бидам дел од тоа.
 
 
Холивудски брачни незгоди
 
Xоливудска актерка му се обраќа на сопругот:
- Побрзај Џон, твоите и моите деца се степаа со нашите!
 
 
Леб
 
Некој човек отишол во продавница да си купи леб.
- Колку е црниот леб?
- 50 денари...
- Многу, бе! Како може да е толку скап?
- Сега ќе ви објаснам: првите десет денари одат кај премиерот. Вторите десет денари одат кај претседателот. Третите 10 денари одат кај министерот за економија. Четвртите 10 денари одат кај министерката за култура. И последните 10 денари се за лебот.
- Ајдееее... Ама, еве ти 50 денари и дај ми еден леб, многу сум гладен.
Продавачот ги зема 50-те денари и му враќа 10 денари.
Човекот се зачудил:
- Зошто ми враќаш 10 денари, нели лебот е 50 денари?
- Па, нема леб!
 
 
Прво па машко
 
Во јавен нужник, додека во едната кабина некој човек се мачи да изврши „големанужда“, во другата влегол друг човек, седнал, испуштил едно „ах“и се слушнало „плоп“. Оној од првата кабина му дофрлил:
 - Ех, блазе си ти колку брзо заврши!
 - А бе, што блазе си ми, ми падна мобилниот!
 
 
Хакери
 
Разговараат двајца хакери:
- Го знаеш оној поглед кога на девојката од очи и’ се гледа дека сака да легне со тебе...
- Не го знам.
- Ни јас.

 

Инает

 
Босанец, Хрват и Црногорец дошле малку порано на железничката станица, па седнале да испијат по некоја ракија.
Меѓутоа, се запиле, па задоцниле на воз. Кога истрчале на перонот возот веќе тргнал. Се затрчале сите тројца по возот и – како и во секој виц, Црногорецот прв се откажал. Хрватот трчал уште малку, па и тој се откажал. Но Босанецот се заинаетил, па запнал да трча сè посилно и посилно, ја испружил раката, се фатил за некоја шипка, ја зграпчил, се префрлил и влетал во возот ко Индијана Џонс.
А Хрватот и Црногорецот целите задишани и зачудени гледаат во него, по што Црногорецот рекол:
- Види го животно, а дојде само да нè испрати!
 
 
Убави и интелигентни
 
Лавот ги собрал на куп сите животни и им наредил:
- Убавите ќе застанат од левата страна на потокот, а интелегентните од десната.
 Почнале да се редат животните и сите си го зазеле местото, само жабата стои здрвена во место.
 Лавот ја прашува:
- Жабо, што чекаш ти?
- Па,тогаш да се расчеречам!
 
 
Разлика
 
Која е разликата меѓу Преродбата во сто чекори и акумулатор?
- Акумулаторот има и позитивна страна.
 
 
Лас Вегас
 
Што би се случило кога на сељаците би им светеле очите?
- Скопје од авион би изгледало како Лас Вегас!
 
 
Милениче
 
Дошол Мујо во киното во Рамстор и застанал во ред да купи билет. Продавачката го прашала што има на рамото.
-Тоа е мојата верверица Маја. Секаде оди со мене.
-Жал ми е, животните се забранети во кино!
Мујо отишол до вецето и ја сокрил Маја во панталоните. Потоа се вратил, купил билет и седнал во киното покрај две постари госпоѓи, Милка и Елпида. Филмот започнал, но верверицата почнала да мрда поради неудобната положба. Мујо ги откопчал панталоните, а Маја ја извадила главата низ шлицот и почнала и таа да го гледа филмот.
-Елпидо - прошепотила Милка.
-Молам - рекла Елпида, сосема обземена од филмот.
-Мислам дека овој што седи до мене е перверзник.
-Оти така мислиш?
-Ги отворил панталоните и го извадил надвор!
-Ма, не се секирај за тоа; во наши години ги имаме видено цел куп, сигурно не е поинаков од другите.
 Некој сантим тука и таму...
-И јас така си мислев, но овој ги јаде моите пуканки!
 
 
Подобрување на животните услови
 
Доаѓа Груевски во посета на детска градинка. Ги гледа малите деца како си играат и вели:
- Ставрески! Дај пиши чек на 5000 евра за подобрување на животните услови во градинкава!
Ставрески пишува чек и продолжуваат понатаму со посетите. Сега го посетуваат затворот Идризово. Ги гледа Грујо затворениците кои се таму и вели:
- Ставрески! Дај пиши чек на 5 милиони евра за подобрување на животните услови во затворов!
- Па, како за децата пет илјади, а за овие злосторници и разбојници пет милиони? – се чуди Ставрески.
- А ти, Ставре, кај мислиш дека ќе одиш по наредниве избори – во градинка или во затвор?

 

Конзерва

 
Во морето весело пливало семејство сардини. Наеднаш здогледале подморница. Најмалата сардина се исплашила и се сокрила зад мајка си.
- Не се плаши, - и’ рекла мајка и’ - тоа се само луѓе во конзерва.
 
 
Нетрпеливост
 
Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште. Доаѓа Трпе, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите. Гркот до прозорецот вели:
- Мислам дека ќе одам по кока-кола.
 На тоа Трпе му вели: - Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.
 И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот. По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел. Слетува авионот, а Трпе ги облекува чевлите, се намуртува и вели:
- До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока-колата?!
 
 
Криза
 
Седи пензионер пред Собрание и мачка гомна на парче леб. Поминува Груевски и прашува:
- Што правиш, човеку?
- Криза, Премиеру.
- Еве ти илјада денари, тргни се од овде, ти се молам.
Груевски си оди, а пензионерот си ги става парите во џеб и продолжува да мачка на лебот.
Поминува Ставрески и го прашува:
- Што правиш, човеку?
- Криза, Министре...
- Па, мачкај потенко, ќе биде уште полошо.
 
 
Пад
 
Некоја баба паднала, а Грујо и’ помогнал да стане, па бабата му се заблагодарила:
- Оф леле, фала ти, фала ти, Грујо.
А Грујо:
- И, дали сега ќе гласате за мене?
Бабата:
- Синко, паднав што паднав, ама на газот, а не на главата.
 
 
Анкета
 
Грујо по иљадити пат бара анкета и оди во агенција.
-Имам чувство дека 85% од жителиве ќе гласаат за мене. Можете ли да проверите?
Две недели подоцна добил извештај:
-Господине премиер, анкетиравме 10.000 луѓе и сите му припаѓаат на оној безначаен дел од 15% што се против вас.

 

Диктат

 
На часот по македонски јазик учениците добиле задача да напишат состав на тема: "Што би правеле кога би биле министер во Владата на Македонија?" Сите пишуваат, а мали Џокица не мрднува со прст.
 Наставничката го гледа, па строго го прашува:- А зошто ти не пишуваш?
- Па го чекам лидерот да ми издиктира.
 
 
Рачно
 
Во некое македонско министерство снемало струја, па министерот се појавил пред службениците.
- Денес сè ќе правите рачно – им наредил.
И тогаш сите извадиле по еден шпил карти.

 

Пари

 
Груевски си оди накај дома, и од мракот изрипува крадец кој му става пиштол на глава и му вели:
- Дај ми ги твоите пари!
- Господине, јас сум претседател на владата на Република Македонија! - му рекол Груевски.
- Е па, во тој случај, врати ми ги парите!!!
 
 
Навреда
 
Влегува тип во кафана и уште од вратата извикува: - Сите политичари се кретени!
Еден од гостите станува и вели: - Еј, немој да навредуваш!
- Зошто, да не си политичар? - прашува типот.
- Не, јас сум кретен!
 
 
Битна разлика
 
Која е разликата меѓу просечната македонска плата и сидата?
- Од сидата подолго се живее.
 
 
Правилно
 
Влегува наставничката во училницата, држејќи ги во раце писмените задачи и налутено им вели на учениците: - Срам да ви е, деца! Јас ви задавам тема за писмена задача „Славнитежени во светот“, а вие ми пишувате за Нора Шакири и некоја си Лејди Гага! Зошто никој од вас не се сетил на... да речеме... Марија Кири?!
На ова учениците почнуваат да шушкаат, да се погледнуваат, а потоа и да се смеат.
-Сега ви е и до смеење, срам да ви е! - налутено им вели учителката.
На ова, една ученичка станува и поучно вели: - Наставничке, не се вика Марија Кири туку Мараја Кери!

 

 Граница
 
Некој цариник умрел и правец кај Св. Петар. Додека Св. Петар се мислел каде да го испрати, цариникот му вели:
- Па, јас би сакал на граница, ако може.
 
 
Бил Гејтс и златната рипка
 
Фаќа Бил Гејтс златна рипка и таа му вели:
- Те молам, врати ме назад во водата.
Бил ја фрла назад рибата, а рибата му вели:
- Еј, Бил, а желбите?
На тоа Бил и’ одговара:
- Добро, ајде, кажи што сакаш?

 

 Хакери
 
Се возат четири хакери во кола, кога наеднаш колата застанува. Тогаш едниот од нив рекол: - А што мислите, да пробаме да излеземе па да влеземе?
 
 
Компјутери
 
Еден човек прашува новинар:
- Вистина ли е дека ние, Македонците, сме и’ продале 100 000 компјутери на Јапонија?
- Се разбира дека е вистина! Само не на Јапонија, туку на Јамајка, и не беа компјутери туку компоти, и не ги продадовме, туку ни ги вратија.
 
 
Другата страна
 
Некоја плавуша шетала и стигнала до една река, ама не знаела како да ја премине. Во тој миг здогледала друга плавуша на спротивниот брег и ја прашала:
- Како да преминам на другата страна?
А оваа и’ одговорила:
- Па, ти си веќе на другата страна.
 
 
Моркови
 
Отворила мечката продавница, и прв купувач и’ бил зајакот. Прашал дали има моркови. Мечката му рекла дека нема. Но зајакот бил упорен и доаѓал секој ден да бара моркови. После две недели и’ здосадил на мечката, па мечката му се заканила: ако дојдеш уште еднаш да побараш моркови, ќе те заковам на ѕидот со шајки. Следниот ден доаѓа зајакот и ја прашува мечката:
- Медо, имаш ли шајки?
- Не - му одговорила мечката.
- А моркови?
 
 
Разлика
 
Која е разликата меѓу мажот и кучето?
- Нема разлика. И обајцата те гледаат како да те разбираат.
 
 
Зошто нема секс?
 
Зошто нема секс меѓу државните службеници?
- Зашто сите се роднини!
 
 
Избор
 
На октоподот Пол му дале да бира помеѓу ВМРО и СДСМ. Не можел да се реши и умрел од глад.
 
 
Убивање
 
Некој дедо му ги раскажува авантурите од Втората светска војна на својот внук.
- Тогаш нè заробија Германците и ни рекоа: „Бирајте, или ќе ве испоубиеме, или ќе ве издупиме“.
- И? – прашал внукот.
- И... нè испоубија!
 
 
Разлика
 
Разговараат две сексуални работнички. Едната и' вели на другата:
- Пази молим те, вчера на работа ми дојде интелектуалец!
- Уау, интелектуалец! И како беше?
- Е па, ништо посебно... седиме, се соблече и ми вели "ова е пенис".
- Пенис?! Зар има и такво нешто?
- Да бе, тоа ти е како кур, само малку помало.
 
 
Добра и лоша вест
 
Качуваат Трпе и Трајче огромен шифоњер на десеттиот кат, и по некое време Трпе му вели на Трајче:
- Трајче, имам една добра и една лоша вест.
- Кажи ја прво добрата, па после лошата - вели Трајче.
- Добрата е дека се наоѓаме на деветтиот кат, а лошата е дека сме ја згрешиле зградата.
 
 
Диета
 
Појадок: еден кекс и еден секс.
Ручек: два кекса и два секса.
Вечера: три секса, без кекси.
Совет: доколку оваа диета не даде резултати, појачајте ја вечерата.
 
 
Кариера
 
За време на еднопартискиот систем, учителката го прашува малиот Трпе:
- Трпе, кој е најголемиот воин на сите времиња?
Трпе станува и како од пушка одговара: - Јосип Броз Тито!
- Седи, петка - му вели учителката.
Трпе седнува во клупата, вади сликичка со Рамбо од под неа и вели:
- Извини Рамбо, ама кариера си е кариера.
 
 
Најумните луѓе на светот
 
Доктор, политичар, дете и свештеник патуваат со авион. Наеднаш, авионот почнува да се тресе и да паѓа. И покрај сите напори на пилотот, авионот не може да се спаси. Најпосле, пилотот зема еден падобран, им се развикува на патниците дека мораат да скокнат од авионот и се фрла. За жал, останале уште само три падобрани. Докторот зграпчил еден, велејќи: „Јассум доктор, спасувам животи и затоа морам да преживеам“, па се фрлил и тој од авионот. Потоа политичарот рекол: „Јассум политичар, а политичарите се најумните луѓе на светот. Заслужувам да живеам.“ И тој зграпчил еден падобран и се фрлил. Свештеникот го погледнал детето и му рекол: „Синко, живеев долго и исполнето. Ти си млад и целиот живот е пред тебе. Земи го последниот падобран и нека Бог биде со тебе“. Момчето му го вратило падобранот и му рекло: „Негрижете се, оче, најумниот човек на светот штотуку скокна со мојот ранец.

 

Предолго патување

 
Во преполн воз еден патник му вели на сопатникот:
- Еве, веќе десет години патувам со возов и никогаш не била ваква гужва...
- Десет години! - зачуден е сопатникот. -А на која станица вие се качивте?!

 

 Кој не е интелигентен?
 
На суд, претседателот на судот му се обраќа на обвинетиот:
- Не разбирам како сте можеле да се вплеткате во сето тоа... Ми личите на интелигентен човек...
А обвинетиот одговара:
- Штета што ја дадов заклетвата, инаку ќе ви го возвратев комплиментот.
 
 
Тешки времиња
 
- Тешки времиња - се жали еден пиљар.
- Зошто? - прашува пријателот.
- Зашто работите никако не одат... Сега веќе не купуваат ни оние кои никогаш не плаќале! - одговара пиљарот.

 

 Насмевка
 
Пред визитата на шефот на клиниката болничарката му вели на еден болен:
-Ве молам, насмевнете се кога ќе дојде професорот... Кутриот, толку е загрижен поради вас...
 
 
Голема разлика
 
Некој странец по грешка влегол во душевната болница „Бардовци“наместо на универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Откако ја увидел својата грешка, му рекол на чуварот:
- Ми изгледа дека и нема некоја голема разлика меѓу универзитетот и лудницава?
- О, има, господине, - рекол чуварот. – Овде морате да покажете некаков напредок за да ве пуштат!

 

 Школски
 
Решиле лисицата, магарето и волкот да отворат фирма. Лисицата рекла: - Јас сум итра, ќе одам во општината и за час ќе средам да добиеме дозвола.
Заминала лисицата и се враќа за половина час со наведната глава - не успеала.
 Тогаш волкот рекол: - Ќе одам јас, јас сум опасен и луѓето се плашат од мене, ќе ми дадат дозвола веднаш.
Но поминал еден час и се враќа волкот - и тој не успеал.
 Тогаш магарето рекло: - Ќе одам јас.
Се враќа магарето по два часа, целото среќно, и им вели: - Добив дозвола!
 Лисицата и волкот зачудено го прашуваат како успеал, а магарето им раскажало: - Влегувам јас во општината, тропам на вратата и влегувам внатре -кога таму сите мои школски другари...
 
 
Добар почеток
 
Прашање: како да го наречеме престојот на 1000 врвни светски банкари на дното од морето?
Одговор: добар почеток.
 
 
Паметни и убави
 
Некоја девојка го прашува своето момче:
- Повеќе ти се допаѓаат паметни или убави девојки?
А момчето и’ одговара:
- Ни едните, ни другите! Јас те сакам само тебе...
 
 
Зошто
 
Зошто на жените им е тешко да најдат чувствителни, нежни, внимателни мажи кои ќе се грижат за нив, и плус добро ќе изгледаат?
- Бидејќи таквите мажи веќе имаат дечковци.
 
 
Како
 
Како се парат ежовите?
- Многу внимателно.
 
 
Цариници
 
На царина, цариниците на работа доаѓале со ептен јаки коли, мерцедеси, поршиња, ферарија... Еден ден главниот на царината се изнервирал и им рекол: - Од утре, сите со автобус да доаѓате на работа, на што личи ова!
 Шефот доаѓа утредента на работа и гледа: на паркингот паркирани 10 автобуси.
 

 Паметни и будали

 
Паметните луѓе секогаш се полни со сомнеж - објаснува професорот по филозофија. - Додека будалите секогаш се совршено уверени.
- Дали сте сигурен? - прашува Трпе.
- Апсолутно - вели професорот.

 

 
Поштар
 
Доаѓа поштар на врата кај Перица. Малиот Перица излегува, со Плејбој под мишка, со томпус во уста и шише виски во рака.
- Дома ли се твоите? - го прашува поштарот Перица.
- А ти што мислиш? - одговара Перица.
 
 
Моркови
 
Две плавуши разговараат:
- Ти што мислиш, живее ли некој под земјата?
- Ех што си глупа, па ти што мислиш, кој ги бои морковите?
 
 
Дддткање
 
Човек оди по улица и сретнува плавуша па ја прашува:
- Иззвинете кадде е ттука школллотто за дддткање?
Се замислила плавушата кратко, па одговорила:
- А што ќе ти е школо, супер дткаш!
 
 
Џуџиња и фудбал
 
Зашто џуџињата се смеат додека играат фудбал?
Затоа што тревата им ги скокотка јајцата.
 
 
Колку
 
Колку вмровци се потребни за менување сијалица? Ниеден, Бранко ја цркна, он нека ја менува.
 
 
Го зафркнал
 
Ја освојуваат Монголите Русија и на патот наоѓаат млад брачен пар. Се симнува Џингис Кан од коњот, ја вади сабјата, им пристапува, и на мажот му вели: "Сега јас ќе ја силувам жена ти овде, покрај патов, а тебе за тоа време би те замолил да ми ги придржуваш јајцата, да не ми се извалкаат од прашината. Ако одбиеш, ви отидоа главите на двајцата."
 Без многу филозофирање, веднаш се фрлил Џингис Кан да ја силува жената, а мажот клекнат од позади го пазел да не се извалка. На крајот, си завршил работа, им се заблагодарил и продолжил со војската на запад.
 Жената седела цела уплакана, а кога ги снемало Монголите од видикот, мажот почнал задоволно да се кикоти: "Жено, жено... го заебав, на моменти му ги пуштав јајцата да му се намачкаат во прашината... хихихи".
 
 
Алергија
 
Грујо фатил алергија и отишол на доктор. Докторот го прегледал и му рекол: - Слушајте г-не Премиере, алергијата ви се појавува од прашокот за перење.
Кога се вратил дома ја прашал жена му:
- Злато, каков прашок користиш?
- Дуел злато, дуел!
 
 
Херој
 
Лавот избегал од зоолошката градина во Скопје и нападнал едно девојче. Тогаш се појавил еден човек и со голи раце го задавил лавот, и го спасил девојчето. Утредента наслов во Вечер: „Храбар Скопјанец задави лав и спаси девојче!“.
Човекот се јавил во редакцијата на Вечер и им рекол:
- Слушајте ваму, јас сум тој што го задави лавот и не сум Скопјанец!
Следниот ден наслов во Вечер:
„Храбар Македонец задави лав и спаси девојче!“
Повторно човекот се јавил во редакцијата:
- Не сум Македонец.
- Е добро, кажи што си?
- Јас сум од Грција, работам во амбасадата.
- Добро, извинете, утре ќе го смениме насловот.
Наредниот ден наслов во Вечер:
„Ненормален Грк го задави лавот, миленикот на децата!“
 
 
Чоколадо
 
Не купувај чоколадо - Груевски ќе ти дојде на отварање!
 
 
Најстариот занает
 
Се препираат хирург, архитект и политичар кој е најстариот занает на светот. Хирургот вели:
- Господ од реброто на Адам ја создаде Ева. Ете, тој бил првиот хирург, и тоа многу добар.
Архитектот го прекинал:
- Чекај, чекај, Господ ја направил Ева дури шестиот ден. Сети на самиот почеток, прво бил хаосот, па настанал редот. Кој би можел да го направи редот освен архитектот?
На крајот се вмешал и политичарот:
- Па добро, бре, луѓе, што мислите, кој го направил хаосот?

 

 
Средовечна криза
 
По 25 години брак, еден ден ја погледнав сопругата и и’ реков:
- Мила, пред 25 години имавме евтин стан, евтина кола, спиевме на кауч и гледавме на црно-белиот телевизор, ама спиев со згодна 25-годишна плавуша. Сега имаме убава куќа, голема кола, голем кревет и плазма ТВ, а спијам со 50-годишна баба. Ми се чини дека овде нешто не е во ред...
Мојата сопруга е разумна жена. Ми рече:
-Ти најди си 25-годишна плавуша, а јас ќе се погрижам повторно да живееш во евтин стан, да возиш евтина кола и да спиеш на кауч!
 
Зарем постарите жени не се супер?! Тие навистина знаат како да се реши средовечната криза!

 

 
Реакција
 
Отишол Груевски на бербер да се потстрижи, и како што е редот, почнале муабет и брицо го прашува: „Абе, Коле, се плашиш ли од Бранко Црвенковски?“, а овој веднаш, „Ма каков Бранко, готов е тој, нема што да се плашам“, па го прашува „А од Фрчко, се плашиш ли?“, а овој „Ма, каков Фрчко, кој е тој Фрчко?“, па го прашува „А од Тито, се плашиш ли?“ а овој ,„Ма, каков Тито, ние го растуривме Тито, тој повеќе нема ништо“, па го прашува „А од Бранко Црвенковски, се плашиш ли?“, а овој малце лут „А, бе каков Бранко, нели ти кажав еднаш, нема шанси тој со нас?“. Брицо продолжува: „А, Коле, од Љубе се плашиш ли?“, а овој „Ма, каков Љубе, од него ли ќе се плашам?“, „А од Ахмети се плашиш ли?“ а овој „Ма готов е и тој на овие избори“, па го прашува „A од Бранко Црвенковски, се плашиш ли?“, и Груевски, веќе многу лут, му вика „Два пати ти реков, не се плашам, и не ме прашувај веќе за него, што си запнал толку, од никој не се плашам, па ни од него!“ А брицо му вика „Абе, Коле, кога ќе ти го спомнам Бранко, само од него косата ти се крева нагоре и многу ми е полесно да те стрижам, а на другиве не реагираш“.
 
 
Кило мозок
 
Некој обичен човек, толку многу изнервиран што не добил унапредување минатата недела, отишол во болница да бара да му пресадат доволно мозок за да стане за 20% попаметен. После 10 саати интензивни тестови, лекарите конечно решиле дека човекот е достоен кандидат за трансплантација на мозок, па му дале на човекот ценовник со различни видови на мозок:
- Кило мозок од економист – 1000 евра.
- Кило мозок од професор – 5000 евра.
- Кило мозок од доктор на науки – 10.000 евра.
- Кило мозок од политичар – 50.000 евра.
Човекот, нормално, се изненадил на скапотијата, велејќи им на лекарите: - Па добро бре, луѓе, како може кило мозок од еден политичар да е 50.000 евра, тоа не го сфаќам? На што докторите му одговориле: - А вие, господине, знаете ли колку само политичари ни требаат за да собереме кило мозок?
 
 
Колку луѓе се потребни
 
Колку СДСМ-овци се потребни за да сменат една расипана светилка?
– 99 и Бранко. Бранко да вети дека ќе направи сè што е во негова моќ за да ја смени и останатите 99 да стојат до него и да се смешкаат.
 
Колку ВМРО-вци се потребни за да сменат една расипана светилка?
- Ниту еден, тие едноставно ќе ја обвинат претходната Влада заради слабата електрична енергија, па ќе спроведат нов закон со кој се предвидуваат 100 милиони евра од буџетот за споменик од Никола Тесла, и на крајот ќе им замерат на СДСМ и Бранко затоа што тие го изгласале законот за споменикот.
 
 
Излегување
 
Си прават муабет двајца пушачи:
Пред кој кафич излегуваш?
 
 
Есеј на тема
 
Си биле тројца студенти, Англичанец, Французин и Македонец, кои требало да пишуваат есеј на тема "слон". Англичанецот одбрал да пишува за класното раслојување и алоцирањето на ресурсите во слоновското општество. Французинот, пак, пишувал за сексуалниот и љубовниот живот на слоновите и слониците. А Македонецот, пак, одбрал тема насловена "Слоновите, Македонија и македонскиот национален идентитет".
 
 
Маркетиншка финта
 
На плоштадот во Загреб просат двајца луѓе. Пред едниот пишува Јас сум невработен хрватски борец, молам помогнете, а пред другиот пишува Јас сум невработен српски борец, молам помогнете. И така поминуваат деновите, а минувачите му даваат пари само на Хрватот. Еден ден некоја постара жена му се доближува на Србинот и го прашува:
- А зошто не просиш во Белград, овде ништо нема да добиеш. Гледаш ли дека сите му даваат пари на нашиот хрватски борец. – И му дала 10 евра на Хрватот.
Кога си заминала госпоѓата, „Србинот“му се обраќа на „Хрватот“:
- Слушна ли, Хасо, она ќе нè учела маркетинг!
 
 
Разлика
 
Која е разликата помеѓу кобасиците и политичките партии?
И двете би ти се згадиле кога би видел како настануваат.
 
 
Брза кучка слепи кучиња раѓа
 
На некој човек му се окучила кучката. Неколку дена потоа се прочул муабет низ комшии дека кученцата лаат на глас „Да живее Грујо! Да живее Грујо!“
 
Претседателот на локалниот одбор на ВМРО дознал и собрал висока партиска делегација да ги посети кучињата и да го видат тоа чудо. Го нашле човекот и замолиле да ги собере кученцата. И така ги собрал тој, а тие почнале одеднаш да лаат: „Долу Влада, долу Влада!“ Грујо изненаден прашал: „Па што е ова, нели кученцата лаеле ’Да живее Грујо’?“

„Да господине Премиер, ама во меѓувреме сите кученца прогледаа.“
 
 
Излегува-влегува
 
Што е тоа: излегува, влегува, излегува, влегува... и така до бескрај?
- Пушач!
 
 
Брак без секс
 
Некоја жена стапува во врска со некој маж. Одат така еден месец, и овој ја прашува:
- Дали си била во брак?
Таа веднаш му одговара:
- Да, трипати, ама ниту еднаш немав секс.
Мажот зачудено ја прашува:
- Па, како можеш да бидеш во брак, а да немаш секс?
- Така... Првиот маж ми беше слаткар, тој само лижеше.
 Вториот беше крзнар, тој само мазеше. А третиот беше ВМРО-вец, и тој само ветуваше.
 
 
Медиуми
 
Умрел Грујо и дошол пред свети Петар. Петар му го покажал рајот (таму сè било идилично, убаво, сите среќни), а потоа му го покажал пеколот (а таму, изненадувачки, саде веселби, шеги, жени, пијалак...). Се разбира, Грујо си го избрал пеколот. По неколку дена Груевски му се пожалил на свети Петар, а Петар му одговорил:
Што е, бе, Грујо, зарем не знаеше дека и ние овде имаме платени медиуми?

 

 

Најдобрите вицови на „Окно“ во 2009!

 

Последниот виц "умрел

Последниот виц "умрел грујо..." може умрел коља?

Go prasale Nikola Gelevski

Go prasale Nikola Gelevski sto bi pravel vo slucaj da se zarazi so besnilo.
- Ke go kasnam Grujo - odgovoril Nikola.

Има добри, ама Атмосфера е

Има добри, ама Атмосфера е врв. ;D

ако овие се најдобрите не

ако овие се најдобрите не сакам ни да ги видам лошите.

CTRL+F, внесете: Груевски 11

CTRL+F, внесете: Груевски

11 пати на една страница. Браво! :)

Вицовите се супер. Кратки,

Вицовите се супер. Кратки, прецизни и смешни.

 ПАТЕТИКА

 ПАТЕТИКА

Колку време ви требаше за да

Колку време ви требаше за да ги измислите глупавите вицови за Грујо!

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото