Одрадек на Друга приказна #10

14.07.25 15:19

На првиот ден на книжевниот фестивал Друга приказна во културниот центар Јадро се одржа читачкиот клуб Одрадек, посветен на Лилјана Дирјан и на нејзината книга „Концерт за мирис и оркестар“, приредена од Никола Гелевски. Книгата е компилација на текстови, раскази и песни од речиси целокупниот творечки опус на Лилјана Дирјан.

Дирјан, која почина 2017 година, беше учесничка на првото издание на фестивалот Друга приказна и победи на првиот фестивалски книжевен натпревар „Овде паѓаат крупни зборови“.

На првата Друга приказна учествуваа и Елизабета Шелева и Роберт Алаѓозовски кои овојпат, заедно со Никола Гелевски, на десеттото издание на фестивалот, разговараа за важноста и за денешното влијание на Лилјана Дирјан.

Триесетина присутни луѓе го одбележаа првото издание на Одрадек во присуство на публика (досегашните десет епизоди на читачкиот клуб беа снимени во книжарницата Илика, без публика).

Фотографиите од настанот ги направи Небојша Гелевски.

 

 

 


 

 

 

 

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото