Друга приказна #10, ден втори

16.07.25 14:17

Вториот ден на фестивалот Друга приказна донесе три програмски содржини: читачкиот клуб ОДРАДЕК му беше посветен на писателот ВЛАДИМИР ШОПОВ, а разговараа Никола Гелевски, Александра Хаџи-Наумова, Сашо Гигов Гиш и Дуке Бојаџиев; камишибаи претстава со сликовницата „Македонски календар“ (од Инес Ефремова и Владимир Шопов) изведоа Мила Шопова и П. Вулкански. На настанот, меѓу педесетината посетители, присуствуваа и децата на В. Шопов, Мила Шопова и Александар Шопов.

Никола Гелевски потоа промовираше две нови книги во Магма едицијата: Хулио Кортасар ‒ Прирачник за пеење и плачење; Џејмс Тејт ‒ Човекот со дрвена нога бега од затвор.

Вечерта ја затвори краткиот концерт на МОНИКЕР ГЛУФ ГАВРАНИЌ (Владо Манчевски).

Фотографиите во продолжение, од првиот настан, се на Љупка Евроска (освен петтата одоздола, која е на Софија Григоријаду).

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Книжевност / Култура / Настан
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око

ОкоБоли главаВицФото