1015 hPa
68 %
19 °C
Скопје - Саб, 06.06.2026 00:59
Под кори рапави,
под карпи тврди,
под ципи и зглопки
притеснет.
Меѓу пепелта и цветот,
жарта земна и огнот небесен,
води потајум врволица
плодовита.
Обрач е виножитен!
Давајќи му насока и душа
тркалото растително и месесто
го врти.
Под сладости љубовни и потни,
под бездни на премрежја родилни
ползач е што го извишува
’рбетот на светов.