1016 hPa
75 %

3 °C
Скопје - Пон, 17.02.2025 04:59
The TED Prize е годишна награда која се доделува на поединци кои на некој начин придонеле за позитивна промена во светот. Кратенката TED означува технологија, забава и дизајн (Technology, Entertainment, Design).
Сè започнало во 1984 г., кога на една конференција се собрале луѓето од овие три света и се договориле да доделуваат награда за позитивен придонес.
Добитник на оваа награда за 2011 г. е проектот на уметникот кој твори под псевдонимот JR. Во овој проект JR, во разни делови од светот, постави црно-бели фотографии со портрети за да ги открие, покаже и сподели нераскажаните приказни и слики на луѓето од целиот свет. Постерите со фотографиите беа поставувани насекади: на фасадите, ѕидовите, покривите, возовите итн. За да добиете појасна претстава за што станува збор, погледнете го видеото подолу.