Свети Климент Охридски сади овошки

28.07.2025 10:32

Кога дојдов овде - што ќе видам:
Белото езеро ми молви како слово божје
и ме гледа тоа златозрачно Дева Мариино око.

Ноќнот небо - саќе медодрочно,
кошница плодовита од убавина до занес...
Го гледав како да е конечно дело.

Но разбрав, нека ми е простено мене грешниот,
да се седи со скрстени раце - е невела,
и дека треба на дарот - дар свој да придадеме.

На цркви и манастири крајезерски
удрив темели, кренав ѕидишта прелестни
од цврстиот камен кирилометодиевски.

Од југ донесов фиданки и калеми,
засукав ракави крај Белото езеро
и во делото поднебесно ме следеа просветлените.

Не сакав завист да сетат, оти биле невежи,
туку да ја сетат слободата на прстите и умот
и нозете да не им одат по патишта заблудни.

Бликнаа градини крај мирните водје,
и во рацете и душите на мојот народ
цутеа и зрееја премудри плодови.

И тогаш, од тој замав, од тој гргор на силите,
од тие бранови вонезерски и цветни се опив!
Па посакав: и ти да се опиеш од нашите
                                            прелести, Боже!

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото