Заврши „Европскиот младински олимписки фестивал“ (фотографии)

28.07.2025 10:35
Заврши „Европскиот младински олимписки фестивал“ (фотографии)

Најголемиот младински спортски настан во Европа, кој ги поврзува учесниците во духот на олимпизмот, пријателството, меѓусебната почит и поддршка, од 20 до 26 јули 2025 се одржи во Скопје, Куманово и Осиек (гимнастиката).

ЕМОФ обединува спортисти на возраст од 14 до 18 години, кои на овој начин имаат можност да го почувствуваат олимпискиот дух и да се подготват за идните натпреварувања. Деновиве во Македонија и Хрватска тие се натпреваруваа во 15 спортови: атлетика, пливање, гимнастика, џудо, велосипедизам, планински велосипедизам, ракомет, одбојка, баскет 3х3, бадминтон, стрелаштво, кајак, теквондо и пинг-понг. Влезот за сите настани беше слободен.

На овој младински олимписки фестивал учествуваа 50 делегации од повеќе европски земји, над 4000 спортисти на возраст од 14 до 18 години, нивните тренери и тимови за поддршка, и околу 700 волонтери.

Во продолжение пренесуваме триесетина фотографии од натпреварите во Скопје.

Погледнете повеќе галерии на Небојша Гелевски – Бане од Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје:

Атлетика I (25.06.2025) - Линк

Атлетика II - (26.06.2025) - Линк

Одбојка - Линк

Баскет 3х3 - Линк

Стрелаштво - Линк

Пинг Понг - Линк

Ракомет + Навиваме за Македонија - Линк

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија / Квир
Општество / Активизам / Јавни простори / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Квир

ОкоБоли главаВицФото