Отворање на Култ Културен Центар: фотографија и поезија

30.07.2025 13:14
Отворање на Култ Културен Центар: фотографија и поезија

Ново културно катче се раѓа во центарот на градот. Охрид конечно ќе го добие она што му недостасуваше: културен центар во кој луѓе од различни возрасти ќе можат слободно да ги изразат своите уметнички, занаетчиски и воопшто своите креативни потреби.

Повелете на отворањето на КУЛТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР на 30 јули 2025 година во 20:00 часот.

Културниот центар е лоциран во срцето на охридската чаршија, кај скаличките.

На отворањето ќе ја имаме честа да ја видиме заедничката изложба ПЕРСПЕКТИВА/ POINT OF VIEW од нашите талентирани млади фотографки Ива Јовановиќ и Анамарија Момироска. Изложбата е составена од фотографии преку кои секоја од уметниците ја прикажува својата сопствена перспектива кон објект кој е заеднички за двете.

Свој настап ќе имаат и Д.А. Лори и Мила Коруновска кои ќе го збогатат настанот со својата поезија, секоја извонредна на свој начин, Лори со својата суштествена животна поезија, а Мила со својот воздушест младешки израз. Својата приказна преку поезија ќе ни ја раскаже и извонредниот Ѓоко Здравески. Ова пропратено со звуците на нашиот талентиран гитарист Јон.

Слични содржини

Култура / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото