1019 hPa
94 %
12 °C
Скопје - Чет, 16.04.2026 09:36
Со парите предвидени за 6 или 7 или 8 (не се знае точната бројка) мултифункционални центри, кои министерот за култура ги спомнува како дел од проектот Скопје град на културата 2028, треба да се реновираат и адаптираат веќе постојните, кои пропаѓаат.
На пример, МКЦ, Дом на АРМ, поштата (совршено место за културни настани), КИЦ... Треба да се вложи и во институциите, како Драмски, Опера, локациите во Чаршија итн.
И да се изгради саглам ЛЕТНА СЦЕНА.
Мултифункционалниве центри за кратко ќе пропаднат како што пропаѓаат центрите за култура (можеби не сите) во другите градови.
Не фрлајте пари бадијала. Океј е да има културни центри во сите општини но, според досегашното искуство, тие нема да живеат како што живеат европските центри, од многу причини.
П.С. БРОДОВИТЕ НА ВАРДАР СЕ СУПЕР ОПЦИЈА ЗА ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ.
Тина Иванова, Фејсбук, 29.07.25.