1004 hPa
93 %
0 °C
Скопје - Чет, 22.01.2026 21:00

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ во спомен на шпанскиот поет и уметник Ернесто Ерередеро дел Кампо на 6 август, во 20 часот, ќе одржи поетски настан во „Буква“ во Скопје.
Ернесто Ерередеро дел Кампо беше заменик-шеф на Мисијата при Амбасадата на Шпанија речиси три години, завршувајќи го својот мандат во август 2023 година. Ернесто беше почитуван дипломат и филозоф, но и посветен поет и уметник.
Автор е на две поетски збирки, двете преведени и на македонски јазик. Неговата втора стихозбирка, „Македонски погледи“, беше објавена во јуни 2023 година и беше претставена низ целата земја во рамки на поетската турнеја што ја направи заедно со соавторот и негов близок пријател Марио Де Роса, заменик-шеф на Италијанската амбасада во Скопје.
Пред една година, додека служеше во Чиле, животот на Ернесто одненадеж трагично згасна поради срцев удар, тоа беше голема загуба и за неговото семејство и за бројните пријатели што ги остави зад себе во Македонија и низ светот.
Во негова чест и спомен, пријатели и колеги ќе се соберат на 6 август во „Буква“ за да прочитаат избор од неговата поезија на шпански и на македонски јазик. Настанот е отворен за сите љубители на поетскиот збор.