Треба да се исперат тие 5,5 милиони евра предвидени за споменикот

08.08.2025 13:15

Не беше скапо да се поништи цел меѓународен проект за градски транспорт со обезбедени 72 милиони евра кредит, а скапо било да се сруши еден бетонски постамент за споменик на Мајка Тереза кој би му кренал прашина пред Мериот на газда Мијалков.

Ова е истата логика со која градежниот инвеститор е секогаш во право и по која државата „мора“ да му го продаде своето земјиште на истиот ако има 30% од градежната парцела.

Што не кажат убаво Градоначалничката и Министерот за култура дека некаде седат готови деловите од споменикот и некој само чека да се исперат тие 5,5 милиони евра предвидени за споменикот, да не се лажеме дека ова го прават за доброто на народот и културата.

Нека кажат и која ноќ планираат да го постават, за да не и сметаме на механизацијата на Плоштад...

Милан Дамјаноски, Фејсбук, 07.08.25.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото