Џубокс во кафеаната на идиотите

12.08.2025 09:44

Кикифрики е џубокс во кафеаната на идиотите. Со една плоча. Вчера некој, можеби самиот Папок на светот, поминал и му турил метална пееска во шупакот и еве го како ѝ пее на кафеаната песна за Тричкота. Зарипнато, уморно, со забавени вртежи, со скокање, како кај секоја изгребена плоча. Нема ритам, нема јазик, нема идеја, нема ништо. Само фрфљање и гребење. Од џубоксот излегуваат ситни капки плунка и по некое влакно. Ко да истурил некој солна киселина врз плочата. Или коњот на Ќосето да ја згазнал преку целиот апарат. Порано идиотите кршеа чаши на него, сега ќе го скршат џубоксот. И кафеаната ќе ја запалат. Како кочанска шупа. Македонија. Така се вика нивната биртија. Ене ја, чади!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 07.08.25.

 

ОкоБоли главаВицФото